Сè што Му се случува на човекот, потполно зависи од неговото смиреноумие. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот се случува да биде потчинет на некоја своја страст. Бог допушта тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со суетни помисли и гордост.
ЛИТУРГИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ, ПОВРЕДЕНИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА
На 15.02.2019 година во 8 часот во црквата „Света Петка“ во Гостивар, Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф ќе служи Света литургија и ќе се моли за загинатите, повредените и нивните семејства од страшната несреќа, која ја покри со длабока тага нашата држава.