Владика Методиј: Верувам Господи, помогни му на моето неверие!
Не верувајќи, човекот е играчка и во рацете на демоните и во рацете на сите поднебесни стихии и сили. Цврстата вера, пак, е нашата цврста котва, како што вели денешното апостолското четиво, со којашто опстојуваме во вистинската природа, во здравјето, во разумот, во благочестието, во просветеноста, во сето она со што Бог нè украсил, создавајќи нè според Својот образ.