Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Ми напиша дека во последно време си под стрес и имаш панични напади и ме прашуваш дали преку молитвата можеш да најдеш мир и тишина, дали ќе исчезне сиот тој стрес што те исцрпува. Заради тоа и бараш нешто конкретно од молитвата, си поставуваш задача и цел. Дали е ова возможно? Нема да кажам дека не е возможно.
Како поетско дело, им се припишува на свети Јован Дамаскин (икосите) и свети Јосиф Химнограф (тропарите). Акатистот е составен од 12 кондаци и 12 икоси, наредени според редоследот на алфавитот (грчката азбука) после кои народот пее „радувај се невесто неневестна“ и „алилуја“.
Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид само двајца луѓе кои дошле во храмот Божји да се помолат туку ги има предвид сите луѓе кои застануваат пред Бога,
Со какви критериуми преземаме решенија и го правиме нашиот избор во однос на бракот? Бидејќи реалноста на животот секојдневно ни покажува крах на тие критериуми. Во животот не постојат магични претстави. Во животот постојат луѓето, нивните избори, нивните решенија и кога севкупноста од нив е негативна, тоа значи дека параметрите кои претходеле биле негативни.
Наспроти христијанството, т.е. Црквата како христијанска институција, стоело општеството на овој свет, кое, со текот на времето, сè повеќе се отуѓувало од секоја христијанска институција. Со други зборови, започнувајќи некаде од XVIII век, постојат два меѓусебно спротивставени табори: христијанскиот и секуларниот. Секуларниот табор – кој не секогаш бил задолжително и антихристијански – се
„А, сега, кога еднаш веќе си бил поразен и си паднал (од некоја страст), отсега па натаму биди внимателен со оваа страст, бидејќи искушувачот е секогаш крај нас.
И во која било битка во која човекот еднаш бил поразен – дури и сто години да поминат – штом ќе се соочи со истото искушение што го
Еден ден во седмицата, кој се именува Недела, се вика ден на Господа, Кој воскреснал во тој ден од мртвите, и со тоа го претскажал општото воскресение на сите и нѐ уверил во неговата вистинитост во тој свет ден (сп. 2. Мој. 20, 10-11), никаква световна работа не работи, освен она што е најнеопходно потребно,
Немоста за писмото човеково,
не ја спречи благодатта да го исполни срцето твое,
о свети мачениче Романе,
преподобието над смртта земна те возвиси,
Да се пости значи да се смири телото и да се отвори душата. За да ја елиминирате тешката храна, јадете малку и преобразете ги страстите.
Стојам гол пред Бога и викам кон Него - „Немам ништо свое, облечи ме Ти...“.
Разумното молчание е мајка на молитвата, ослободување од ропството,
чување на пламенот, чувар на помислите, извидник на непријателите, живеалиште на плачот, пријател на солзите,делатник на сеќавањето на смртта, живописец на страдањата,зафатеност со представата на последниот суд,омошник на спасоносната потиштеност, непријател на дрскоста,
Во обидот да го запре вниманието на современите трагачи за автентични вредности, да го фокусира погледот на модерниот интелектуалец кон неговото сопствено срце и оттаму кон надвор, кон она што се случува во реалноста околу нас, списанието „ПРЕМИН“ постепено се преобразува.
Цената на новите книги изнесува:
„Старец Јосиф Исихаст“ 400 денари;
„Мојот живот со старец Јосих Исихаст“ 400 денари;
„Свети Нектариј Егински“ 400 денари;
„Давидов Псалтир“ 350 денари.
Затоа живееме во епоха на психолози и психијатри. Но, ако сме смирени и во нас има љубов, тогаш нема да имаме проблеми.Смирениот не се плаши да падне, бидејќи нема каде подолу да оди. Што и да се случи во него, тој останува спокоен и мирен. Во оној што има Христова љубов, сè во него е просто и средено.
Смиреноста се учи со созерцување на Христа Кој рече: Поучете се од мене бидејќи, сум кроток и смирен по срце (Мт. 11,29). На крајот од краиштата, смирението се учи кога секој свој збор, секоја своја постапка и сиот свој живот го споредуваме со Христа, затоа што без Него е невозможна вистинската смиреност, додека со фарисејот дури и верата станува гордост и во своето..
Основната структура на психичкиот конфликт е фарисејска. Главните карактеристики на фарисејската структура се првенствено две: надворешно однесување и внатрешно психодинамично дејство.
Надворешно фарисејско однесување. Фарисејската структура на менталниот конфликт е изразена во следните специфични елементи.
Икос: Сите ние, браќа, да се смириме самите себе со воздишки, со плач да ја биеме совеста, та на вечниот суд да се покажеме верни, невини и да добиеме простување, зашто таму е вистинското олеснување, за кое ние сега се молиме да го видиме, таму каде што нема ни болка, ни тага, ни длабоки воздишки, тој прекрасен рај – Едем, што ни го обезбеди Создателот Христос, Кој е Бог, беспочетен со Отецот.
"Голема предност е кога човекот се препушта во Божји раце! Луѓето си поставуваат цели и се трудат да постигнат успех, а не им паѓа на ум да се запрашаат каква е Божјата волја, ниту пак, сакаат да ѝ се прилагодат. Треба со надеж да Му се препуштиме на Бога, за Тој правилно да нѐ