Отец Спиридон Василакос: Не се среќава денес таква љубов – I дел
Затоа низ нашата лична борба кога ќе се сретнеме со Божјата благодат, тоа што го нарекуваме ад, многу лесно може да се преобрази во рај. Во младоста Ефрем минал низ многу неуспеси, горчини, неволји. Гледате и младоста многу пати носи една внатрешна болка. Отец Ефрем, тогаш Евангелос, сакал да се запише на училиштето за воени пилоти „Икарон“, но не го примиле бидејќи имал лесна форма на срцебиење, која, тогаш, можеби била и моментална поради тремата од приемниот испит.