Зошто, чедо, Ме остави?
Зошто се оттргна од Мене, Кој те сакам?
Зошто се придружи кон мон Мојот непријател?
Сети се, дека Јас за тебе слегов од небото!
Сети се, декa Јас за тебе се облеков во плот!
Сети се, дека Јас за тебе се смирив!
Сети се, дека Јас за тебе претрпев озборувања, навреди, подбив, бесчестие, рани, плукање, шлаканици, исмевања!
Сети се, дека Јас за тебе бев прикован до разбојници!
Сети се, дека Јас за тебе умрев со срамна смрт!
Јас слегов од небото, за да те изведам тебе на небото!
Осиромашив, за да те обогатам тебе!
Примив рани, за да те излекувам тебе!
Умрев, за да те оживотворам (обоготворам) тебе!
Ти згреши, а Јас ги зедов врз Себе гревовите твои!
Ти си виновен, а Јас ја примив казната!
Ти си должник, а Јас го платив долгот!
Кон тоа Ме поттикна Мојата љубов. Јас не можев да трпам ти да страдаш во таквата несреќа!
Таа ли Моја љубов сега ти ја игнорираш?
Наместо Мене го сакаш гревот!
Наместо Мене да Ми слугуваш, ти на страстите им слугуваш!
Но, што најде во Мене, што те одвраќа?
Зошто не сакаш да дојдеш при Мене?
Блаженство ли сакаш? Секое блаженство е во Мене!
Благородништво ли сакаш? Кој е по благороден од Синот на Бог, и на света Дева Марија?
Издигнување ли сакaш? Кој е повисок од Царот на небесата?
Богатство ли сакаш? Во Мене е сето богатсво!
Премудрост ли сакаш? Јас Сум Божјата Премудрост!
Другарство ли сакаш? Кој е подружељубив од Мене, Кој душата Си ја положив за сите?
Помош ли бараш? Кој ќе ти помогне освен Мене?
Лекар ли бараш? Кој ќе те излекува освен Мене?
Утеха во слабоста ли бараш? Кој ќе те утеши освен Мене?
Спокој ли бараш? Во Мене ќе најдеш спокој за твојата душа!
Мир бараш? Јас сум Мiрот на душата!
Живот сакаш? Во Мене е изворот на животот!
Светлина ли бараш? Јас сум Светлината на светот!
Вистина бараш? Јас сум Вистината!
Пат ли бараш? Јас сум Патот!
Водач кон небото ли посакуваш? Јас сум добриот Водач!
Зошто не сакаш да дојдеш при Мене?
Не смееш да пристапиш? Но кон кого друг пристапот е така лесен!
Или се плашиш да просиш? А, на кого од оние, што просат со вера, Јас Сум им откажал?
Гревовите ли не ти допуштаат? Но, Јас умрев за грешниците!
Или преголемиот број твои беззаконија те вознемируваат? Моето милосердие е поголемо!
Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам! (Матеј 11, 28)
Превод од бугарски: богослов,
oтец Дамјан Трпкоски
sveta-gora-zograph.com
Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија