Слоевитоста на македонскиот идентитет и интегритетот на македонскиот народ
Од осамостојувањето на Р Македонија во 1991 година, сведоци сме на процес на дезинтеграција на македонскиот народ врз религиско начело. Вероисповедта или конфесијата се користи како повод за создавање не само нови верски заедници туку и нови етнорелигиски идентитети (заедници, народ). Тој нов етнорелигиски идентитет дури стекна одредена политичка улога, затоа што беше повод за одредени развојни политики.