Слаѓана Ставрева: Наводаџии фалбаџии
·Во старо време имало една многу убава, кротка и вредна мома. Била умна и вешта, питома и праведна. Со гласот свој славеите во гората ги натпејувала, а со играта сите играчи ги надигрувала. Била учена и многу писмена. Читала и пишувала на многу јазици, а творела на својот единствен јазик и своето единствено писмо наследено многу одамна од претците.