О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј
Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку громогласно Достоин не сум чул, се прашувам дали ќе чујам...
Имав поинаков благослов од првопредвидениот: место да сослужувам, од мал монитор, во репортажното возило на МТВ, го проследував и доловував настанот.