Архимандрит Андреј Конанос: Бог нема да нѐ остави (II дел)
Во секој случај, ако ја сфатиме минливоста на сите тие нешта, односно ако погледнеш на сѐ спокојно и си речеш: „Па, добро, колку години ќе живеам? Треба да направам нешто!“ Дури и ако не испадне сѐ онака како што сакаме, можеме да бидеме среќни и со тоа малку. Проблемите се нешто незначително во споредба со она што нѐ очекува после смртта, а исто така и среќата е незначителна ако ја гледаме во контекст на она што се случува после смртта.