Владиката Петар: Имаме најповолна можност за решавање на автокефалијата на МПЦ, јасно е дека нема канонски пречки
Сите помесни православни цркви и денес ги користат најповолните моменти и можности за нивното возобновување како автокефални цркви и патријаршии, па така и овие најнови случувања во православниот свет, во односите меѓу Цариградската патријаршија и Руската црква, во односите меѓу соседните земји на Балканот, ред е да ги искористи и нашата црква, вели во интервјуто за МКД.мк владиката Петар, кој е главниот преговарач со Цариград.