Архимандрит Андреј Конанос: За секој проблем има решение – I дел
И сега велам дека за сѐ постои решение. Кое е тоа решение? Не знам кое е, кај секој е различно. Но, не е такво какво што си го претставуваш ти, туку како што Бог ти го испраќа. Кога ќе стигнеш до работ на бездната, или кога ќе го допреш дното, ќе дојде некакво решение во твојот живот. Невозможно е Бог да ме остави без помош, макар и во последниот миг. Кога преживуваме некаква трагедија, во мигот на болката го забораваме сето тоа