Поуки на денот (30.06.2019)
Го прашаа еднаш еден старец:
- Како вие живете без интернет, телефон, електроника?
Старецот одговори:
- Исто како што вие живеете без љубов, искреност, поверение и хуманост.
Го прашаа еднаш еден старец:
- Како вие живете без интернет, телефон, електроника?
Старецот одговори:
- Исто како што вие живеете без љубов, искреност, поверение и хуманост.
Црквата е квасец кој го заквасува и преобразува тестото на светот, таа светот го прави онаков каков што тој навистина е: Божјо создание и историја на спасението. Таа е „столб и тврдина на вистината.” Со присуството на Црквата, светот се заветува и се осветува постоењето на светот кој личи на молитва скаменета од човечките гревови, но и ослободен од благословите, посредувањето и благодарењето на Црквата. Црквата навистина претставува суд за светот, »суд на судот«. Таа му суди на »овој свет« кој се самоидолатризира и самоуништува; не му суди како земските судии, туку со тагата на исповедниците и со крвта на мачениците…
Православниот космички етос се возглавува во литургиското разбирање на светот, во славословниот принос на космичката стварност на Бога, во евхаристиската и доксолошка употреба на светот, за светот да се преобрази и да ја стекне очигледната духовност што ја има воскреснатото тело на Господ Исус Христос. Ова се постигнува, пред сѐ, со отфрлање на автономноста и идолатризацијата на создадениот свет, бидејќи тие најмногу ги влошуваат односите на човекот со светот и доведуваат до своевидна злоупотреба или погрешна употреба.
Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила. Те мачат плотски помисли и те привлекуваат кон чувствени наслади? Приграби го согорувачкиот оган на името Исусово и фрли го врз плевелот. Да не те мачи некоја световна работа?
Можеш ли да го направиш тоа? Да го оставиш твоето дете, својот сопруг, сопругата, да ги оставиш сите спокојно да си го направат својот избор, да ги донесат своите одлуки, без да ги притискаш или провоцираш. Твојот најголем проблем е тоа дека никој не ти е виновен што не си ја пронашол својата среќа, никој не ти е виновен за негодувањето што го пројавуваш, за празнотијата што ја носиш во душата и си велиш: „Ова е причината, оној е виновен!“
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Иднината на светoт се дополнува во Црквата и неговото преобразување е во Црквата. Заради тоа „севкупната историја се одвива внатре, во Црквата”. Нашата духовност не може да постои поинаку, освен како живот на Црквата во историјата и за историјата. Заради таа причина, „нашата вистинска љубов кон светот треба да се покаже во враќањето кон Црквата, која е »украс« – поредок и убавина на светот.
„Знаете што, деца, во ова наше време, Господ Христос ми заличува на многу богат, но осамен Човек, Кој и сега многу ни дава - како да ни е нешто должен, но Кој за едно мало внимание е подготвен да возврати со огромен дел од Своето богатство; и сè помалку го има тоа внимание.
А светите Отци силно посакуваа да живеат во ова наше време, и не им беше дадено;
Св. Варсануфиј Велики и Јован Пророк
† Првото смирение се состои во тоа братот да го сметаш поразумен и во се’ подобар од себе, или себеси да се сметаш за најмал од сите. Второто смирение, пак, се состои во тоа своите подвизи да ги препишуваш на Бога. Тоа е совршеното смирение на светиите.
Акo си бoгат, сo штo си бoгат, акo нe сo имoтoт Бoжји? Рабoтитe штo гo сoчинуваат твoeтo бoгастствo, чии сe акo нe Бoжји? Значи, акo сe гoрдeeш сo oна штo гo имаш, сe гoрдeeш сo туѓ имoт, сe гoрдeeш сo Бoжјo пoзајмувањe. Зoштo тoгаш сe пoдбиваш на сирoмавиoт, кoј вo рацeтe има пoмалку туѓ имoт? Зoштo му сe пoдбиваш, акo тoј зeмал назаeм oд Бoга пoмалку oд
тeбe?
Нe e лeснo сeкoгаш да гo пoбeдиш вo сeбe духoт на суeтата и фалeњeтo. Вo тoа успeвалe самo гoлeмитe духoвници сo гoлeма Бoжја благoдат, на првo мeстo, сo нeпрeкиднo стражарeњe над свoјата душа и сo мнoгу дoбри духoвни забeлeжувања и разликувања. Авва Нистeрoј oдeл eднаш пo патoт сo свoјoт сoбрат.
Стравот Божји и смирението се единствено здрави само кога се поврзани со таа радост, и само тогаш тие се вистинити и плодоносни! Надвор од таа радост тие добиваат демонски карактер и стануваат најдлабоко изопачување на било кое и било какво религиозно искуство. Религија на страв; религија на лажно смирение; религија на вина: сето тоа се искушенија и замки – многу силни и тоа не само во светот, туку и во Црквата.
„На 15 јануари 2006 година неочекувано силно ме заболе десното уво. Еден од моите познаници, кој многу го почитува Свети Лука, ми подари книга со неговото житие. Прво, што ми дојде во глава, е да се помолам на Светителот за да ми помогне, бидејќи во душата верував, дека тој е голем Светител. Јас ставив во увото малку памук, го помазав со масло од кандилото, и одозгора ја ставив иконата на Свети Лука и ја заврзав со шамија.
Кога ќе се разбудиш – слично на оној кој очекува сите луѓе да се разбудат од мртвите – насочи ги мислите кон Бога, принеси Му ги како жртва на Бога првите и најдобри помисли во умот, додека сѐ уште не примил никакви суетни впечатоци. Во тишина, многу внимателно, изврши сѐ што му е потребно на телото кога ќе стане од сон, прочитај го вообичаеното молитвено правило,
Светата Гора Атонска, таа небесна монашка држава, што Пречистата наша Мајка ја прими во своја грижа, е благословена со нејзини бројни чудотворни образи, кои ја сведочат особената богородична милост врз ова место. Но, според нејзиното благоволение, најголем благослов се излеа од познатата нејзина икона „Достојно Ест“, која сега го краси протатонскиот храм во Кареја...
Денес бешe многу радосен ден за семејството на Ведрана. Сестрата на нејзината мајка денес, по дванаесет години брак, родила девојче. Тоа беше и причината поради која госпоѓата Добра утрината така брзо замина од домот. Господинот Трпелив се врати порано, па заедно со децата испече убав колач за да го прослават ова убаво случување. Сите беа весели и никој не ја спомнуваше утринската лутина на Пркос.
Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од печат излезе книгата за деца „Светилници на светот: за македонските светители“, втората книга за деца од оваа едиција, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Книгата ја подготви Катерина Божинова, дипл. теолог и професор специјалист по религиско образование, а илустрациите за книгата ги изработија децата од училиштата во Струмица под нејзино менторство.
Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во Црквата е исклучиво дар на Светиот Дух. Таа можност ни ја даде Светиот Дух, оти Тој е единствениот Кој осветува и оживотворува. Никој без Светиот Дух не може да рече „Господи“, да Му се обрати на Бог и да Го познае, ниту пак, да се победи себеси, паднатата човечка природа, и да му каже не на гревот.
Основна цел на постот е очистување на душата и телото на оној што пости. Василиј Велики го нарекува постот „лекарство, кое го искоренува гревот“. Најпрво, постот ги очистува телесните чувства и го умртвува сластољубието. Додека стомакоугодувањето и слугувањето на својот желудник го хранат плотското беснеење и животинските инстинкти, постот, напротив, ги совладува плотските желби и ги успокојува телесните движења, како што учи свети Григориј Палама.
Визуелниот текст впишан во овој серијал на фотографии посветен на животот, е двозначен говор сочинет во знаковни дијади чија реторика се однесува на минливоста на времето како синхрона взаемност меѓу културата и природата. Преку него, Арсовски е во потрага по одговорот на прашањето: како да се естетизира навидум неестетичкото/неестетизираното или како да се естетизира непредвидливоста на животот?