Митрополит Николај Месогејски: За автентичниот и лажниот христијански опит – IV дел
И уште, автентичноста му помага на христијанинот постојано да функционира во границата на Бога и човекот, во логиката и во тајната, во божествената љубов и човековата болка, во слободата и во послушанието. Ова го мотивира да се движи и надвор од личниот простор, од човековата граница, од светското време, од себе. Овие се границите во кои се крие Бог; во овие „надвор“ се среќава братот, вечноста, благодатта, вистината, Самиот Бог.