Свети Три Светители во Прилеп
Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп па по тој повод во соборниот храм „Св. Благовештение“ се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква Господин Господин Стефан. На оваа литургија присуствуваше и Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески , кој оваа година е домаќин на денешниот ден.