логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 02.jpg

Празнува денес Бигорската Обител за твојата чесна икона, Богомајко...

11/24 јуни 2016 лето Господово
Празник на Пресвета Богородица
во чест на нејзината икона „Достойно естъ“

04.jpg

07.jpg

06.jpg

Не постои вистински верен Христијанин што не ја знае добро огромната, свештена и надразумна улога на Пресветата Богородица во спасението на светот и на човекот. Христијанското предание уште од најрани времиња Ја нарекува Дева Марија: Богородица, Пречиста, Пресвета, Сецарица... Во едно од најпознатите црковни песнословија, Таа е воспеана како „Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите“. Ова човечко славословие за Преблагословената добило и небесна потврда, кога Архистратигот Гавриил, испратен лично од Неа, му кажал на „смирениот послушник од Гората Атонска“ дека навистина е достојно да Ја ублажуваме Мајката на нашиот Бог. И токму споменот за ова преславно чудо беше причината за сеноќниот празничен и молитвен собор во Бигорската Обител. Собрани пред благодатниот мајчински поглед што зрачеше од иконата „Достойно естъ“ - нашата радост и пофалба, стотиците верни души, радосно и благодарствено, целата ноќ Ѝ се молеа на сигурната Застапничка за родот христијански. И немаше срце што не ја почувствува огромната милост на Мајката небесна. Но, можеби, Таа најмногу ја излеа Својата милост врз искушеникот Антонио, кој токму на нејзиниот празник се удостои од рацете на нашиот Старец, Архимандритот Партениј, да добие монашко капче, примајќи благослов за живот во девственост и послушание.


08.jpg
А, Старецот, трогнат како и секогаш од несфатливата љубов на Божјата и наша Мајка, и овој пат духовно нè почести со своите длабоки и доживеани чувства и созерцанија за Преславната Богородица:

09.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандритот Партениј, за празникот на иконата „Достойно естъ“, изговорено пред почетокот на сеноќното бдение

„Мили мои, монаси и монахињи, браќа и сестри Христијани! Денес нашата Света Обител особено се радува, затоа што се удостои торжествено да слави уште еден празник на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија – имено, празникот во чест на нејзината славна и Чудотворна икона ’Достойно естъ‘, која пристигна во нашиот манастир како најголем благослов и утеха набрзо после пожарот од 2009 година. Всушност, и сите празници на Пречистата Богомајка побудуваат во нас неизмерна радост, затоа што нè потсетуваат на нејзината огромна мајчинска љубов кон нас и на тоа што Таа го направи за целото човештво. Нејзиното одлучувачко ’да‘, Го донесе Бога во светот. Преку нејзиното ’еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!‘ (Лука 1,48), - Бог стана човек. А, ова спасително за нас Провидение се оствари, пред сè, поради тоа што Богородица покажа совршено послушание кон Господа, целосно Му се беше предала Нему. Сите нејзини мисли, чувства, желби – целото нејзино битие, сета своја слобода. Предавајќи се потполно на Бога, Таа воедно се удостои да стане Мајка на Бога. Навистина, Бог сакаше да го спаси човекот, да живее во него, од неизмерна љубов дури и да се поистовети со него, да стане човек. Но, не ќе беше можно да се збидне сето тоа, доколку немаше таква Девојка, Која, во потполно послушание, целата Му се беше предала себеси на Бога. Впрочем, целиот нејзин живот е една чудесна, совршена служба кон Бога. Уште од самото детство, Богородица била необична. Тивка, скромна, сериозна, со постојана молитва. Со зачнувањето, пак, на Синот Божји од Светиот Дух, Таа целосно била обожена, станала Божествена. Таа Божественост Ја красела во текот на целиот живот понатаму, за најпосле, преку нејзиното сечесно Успение, и со нејзиното пречисто тело да се вознесе при Бога. Токму затоа, нејзините празници, кои го сосредоточуваат нашето сеќавање на Неа и на нејзиното постојано присуство во нашиот живот, нè прават толку радосни. Зашто, сè што се однесува на Пресвета Богородица, се однесува всушност и на нас. Нејзиното обожување, нејзиното седнување до Бога, нејзиното постојано посредништво за нас пред Божјото величие, непосредно влијаат и на нас, зашто ние преку Неа и преку Родениот од Неа наш Бог и Спасител Исус Христос, се спасуваме и обожуваме. Станувајќи Мајка на Словото Божјо, на Второто Лице од Пресветата Троица, Таа истовремено постана Мајка и на секого од нас, на секој Христијанин. Нејзиното молитвено застапништво за родот христијански е неискажливо, а нејзините чуда - безбројни. Нашиот православен народ го знаел тоа низ историјата, па затоа толку многу цркви Ѝ посветувал. Сите тие се одраз на љубовта и благодарноста што нашиот народ ја имал и сè уште ја има кон Света Богородица. А, Таа, пак, секогаш била присутна меѓу нашиот народ, благословувајќи го и укрепувајќи го во времињата на големи искушенија и страдања. Присутна е, исто така и денес меѓу нас, и тоа благодатно присуство ние го гледаме и чувствуваме. Меѓу другото, Богородица нè посетува и преку Нејзините свети икони. Погледнете го само тој сочувствителен мајчински лик, кој веднаш носи утеха во душата! Видете како Таа, Мајка, со почит и благоговение Го држи во рацете Богомладенецот! Со љубов мајчинска, неизмерна, но и со достојна почит, зашто Таа не Го држи само своето Дете, туку и својот и наш Бог.

Да се поучиме од смирението на Пречистата Богомајка. Од нејзиното совршено послушание и целосно себепредавање на Бога. Тоа е важно за сите Христијани што се стремат кон духовните висини, но особено за нас, монасите, кои сме дале завет дека својата слободна волја целосно ќе Му ја предадеме на Бога, подобно на Богородица.

Трудејќи се да го последуваме животот и добродетелите на Пресветата Богомајка, послушанието, љубовта и почитта, ние ќе Го имаме Бога при себе и во себе. Зашто, преку Богородица и тоа стана возможно: бесмртниот Бог да живее во смртниот човек. Таа ќе Го измоли својот Син да ни испрати таква обожувачка благодат. Но, секако, само доколку не Ја жалостиме. Оти ако не правиме послушание на Бога, ако не Му се предаваме сецело, како што Таа себеси Му се предаде, исполнувајќи ја волјата Божја, не ќе биде можно Бог да се всели во нас.

Ви посакувам на сите, преку молитвите на Богородица, да Ви биде испратена Божествената благодат и сила, да издржувате во ова тешко време, кога, поради умножување на гревот, кнезот на овој свет станува сè посилен и кога повеќето грижи на човекот се свртени, за жал, кон земните и минливи нешта. Пречистата да ни помогне да ги издигнеме нашите умови и срца кон Бога и кон Неговото возвишено учење, та живеејќи ја вистината, и со дела да Го радуваме Бога, а да ги радуваме и сите ближни околу нас, помагајќи им така и на оние што не Го знаат Бога, да дојдат до вистинско спознание на љубовта и убавината на Воплотениот заради нас Господ и Спасител Исус Христос.

Пресвета Богородица нека биде со сите нас! Да нè чува и заштитува со своите мајчински молитви!

Добро бдение!“

11.jpg

10.jpg

14.jpg

15.jpg

16.jpg

17.jpg

 18.jpg

22.jpg

23.jpg

 25.jpg

 27.jpg

29.jpg

 30.jpg

 31.jpg

32.jpg

 34.jpg

 36.jpg

 37.jpg

 38.jpg

 39.jpg

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

Својата Вода, или Живата вода, за која говори Господ Исус Христос, во разговорот со Самарјанката, е всушност Неговото спасително учење кое постојано, непрекинато ни го дава низ вековите, па и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »

Православен календар

 

01/07/2024 - понеделник

Апостолски пости (строг пост)

Светиот маченик Леонтиј; Преподобен Леонтиј проѕорлив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов апостол Јуда Тадеј 19 јуни / 2 јули 2024

Тропар на св. Христов апостол Јуда Тадеј 19 јуни / 2 јули 2024

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,ти прелеста ја порази и верата ја сочува,денес...

Тропар на св. Христови маченици Леонтиј и со него Ипатиј и Теодул 18 јуни / 1 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Леонтиј и со него Ипатиј и Теодул 18 јуни / 1 јули 2024

Воину Божји, Леонтие свети, душата за Христа ја обручи,со вера која во маченички подвиг те закрепнуваше.Гостољубие покажувајќи, ги приведе Ипатиј...

Тропар на светите Маченици Христови Мануил, Савел и Исмаил 17 јуни / 30 јуни 2024

Тропар на светите Маченици Христови Мануил, Савел и Исмаил 17 јуни / 30 јуни 2024

Како младенец возљубувајќи ја чистотата,срцето во Христови раце го предаде,Тихоне Божји угодниче,благодатта накалемувајќи се на тебе,сувото лозје во градина Господова...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная