Старец Емилијан Симонопетриски: Нашето присуство во храмот – I дел
Светиот свештеномаченик Јаков бил една маркантна личност од првата црковна заедница. Овој светија, познат и како брат Божји, не бил само Христов сродник по плот, туку и попримил длабоко од Неговиот дух. Бил толку праведен што го нарекувале „праведникот“, и таа карактерна црта му останала за време на целиот негов живот. Според црковното предание, тој е составувач на првата Литургија, првиот текст, од кој подоцна произлегле и останатите Божествени Литургии.