СО БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ОДБЕЛЕЖАНА 860-ГОДИШНИНАТА НА МАНАСТИРОТ „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“ – НЕРЕЗИ
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот Нерези, на чијшто прекрасен храм, посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, годинава му се навршуваат 860 години од издигнувањето и фрескописувањето.На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.