Величествен втор ден Божик во Зрзе (09.01.2016)
Нивната неуморна енергија постојано и секојдневно се вградува во новиот, величествен изглед на манастирот.
Вториот ден од Божик, братството го посвети на прошетка низ планискиот масив на Даутица.Да се биде во Зрзе е празник сам по себе. Да се биде за Божик во Зрзе, е сведочење на Христовата радост.