логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Ново издание на манастирот Св. Атанасиj Велики - с. Журче, Демир Хисар: "Беседи за покаjанието" од св. Јован Златоуст.
Цена: 250 денари

 

Кога пастирите ќе најдат добро пасиште, сите овци таму ги водат и не заминуваат додека стадото не ја испасе сета трева. И ние тие пастири ги подражаваме, еве веќе четврти ден го пасеме своето стадо на пасиштето на покајанието и уште не мислиме да го напуштиме зашто гледаме уште многу храна, многу наситување и заедно со тоа полза.


Не само затоа што на него се наоѓа велико изобилие, со кое можеме да се ползуваме, туку што тоа нас и н# развеселува. Зашто лисјата на стеблата, кои се распрострени над стадата напладне наместо кровови, не ги укрепуваат така овците ниту ја даваат полезната сенка, иако со сладосен сон ги напојуваат, како што читањето на Светото Писмо ги оживува и бодри ожалостените и од тага оптеретените души, бидејќи тоа ја изгонува силната и длабока тага и дава утешување и е попријатно и посладосно од секоја ладовина на сенка. И навистина тоа ни дава велико утешение, не само при материјалната загуба, не само при загубата на децата и слични несреќи, туку н# теши и кога сме во гревовно искушение.
 Кога човекот паѓа, уловен и срушен од гревот, тој не прима утеха од оние кои го тешат, зашто совеста го пече со непрестајно сеќавање на направениот грев. Откако ќе изнемогне под теретот на прекумерната жалост, почнува секој ден да биде с# потажен, но кога ќе дојде во црква и тука дознае дека многумина од светиите се подигнале после својот пад, и се удостоиле повторно на изгубената чест, тој на невидлив начин прима утеха. Имено, ние кои често грешиме и не можеме пред луѓето гревот да го откриваме, зашто се срамиме и црвенееме, а и ако го откриеме, немаме толку голема полза. А кога Бог теши и го допира нашето срце, исчезнува секоја сатанска жалост. Падовите на праведните мажи се опишани токму затоа за да би имале полза, како оние кои живеат добродетелно, така и оние кои се с# уште во гревот. Зашто грешникот нема да очајува ниту да губи надеж кога ќе го види другиот кој паднал па повторно станал, а добродетелниот ќе стане многу поревносен и повнимателен кога гледа дека многумина од тие што се многу подобри од него паднале и внимавајќи и самиот да не падне, ќе постапува уште поразумно и ќе биде секогаш трезвоумен и внимателен. И на тој начин, едниот, усовршувајќи се во добродетелта, ќе стои непоколеблив, а другиот, грешникот, откако ќе се ослободи од очајанието, ќе се врати на онаа состојба од која паднал. Освен тоа, кога човек н# теши во тагата, ако се случи моментално да се утешиме повторно ќе паднеме во истата тага, но кога Бог н# храбри со примерот на другите, кои согрешиле и се покајале и се спасиле, кога Он ни ги покажува очигледните докази на Својата благост за да не се сомневаме во нашето спасение, тогаш примаме длабока, сигурна и надежна утеха. Така и приказните старозаветни, им подаваат на сите копнежливи лекарство за тагата, како и на сите оние кои во грев паднале, така и на оние кои се борат со различни напасти и тешкотии. Зашто ако ни се случи и имотот да ни го разграбаат, клеветници да н# клеветат, ако би морале да трпиме и затвор, рани или какво било друго зло, кога ќе погледнеме на праведниците кои ги поднесувале и трпеле истите тие зла, брзо и самите ќе се охрабриме. А еве како. Кај телесните болести, само еден единствен поглед упатен на друг болен, ја умножува болката на болниот а често поттикнува и нова болест кај него, за која порано не ни мислел. На пример: ако некој погледне на оние кои боледуваат од очите, само од еден поглед и тој ќе почувствува очна болест. Но со болестите на душата не е така туку се случува спротивно: често се случува нам и самото размислување за оние кои страдале слично со нас, значително да ни ја олесне тагата при нашите страдања. А тоа секако му било добро познато и на Павле зашто тој, кога сакал своите верни да ги утеши и да ги врати од патот на гревот, како пример ги наведувал не само живите туку и умрените свети мажи, како што се Даниило, трите момчиња, Илија и Еремија – вака гово- рејќи: ,,Кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови; угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мачот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, ги поразија војските туѓински; а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор; со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам – тие, за кои светот беше недостоен” (Евр. 11, 33-34; 36-38). И навистина, ако болниот знае дека и некој друг исто така боледува, чувствува голема утеха, како што повеќе страда оној кој мисли дека во такво зло уште никој не бил, така - да се најде друг обременет со истите бедствија значи да се омекне својата рана.


 И така, за да не слабееме и унинуваме заради никакви тешки околности и ситуации, потребно е срдечно да внимаваме и да ги слушаме повестите од Светото Писмо. Зашто освен тоа што таму се наоѓаат многу примери на трпение и што, гледајќи дека и многу други искусиле неволји слични на нашите, и ние се тешиме; истите приповеди се уште поважни затоа што можат да н# научат не само како да се избавиме од злото кое н# постигнува, туку и после избавувањето да не паднеме во гордост и мрзеливост, да останеме во едно и исто расположение. Не е добро ако кој било само во часот на страдања се смирува и скрушува и покажува велико благочестие, зашто и самата природа на искушението ги приморува и тие што имаат камено срце тоа да го прават, т.е. да тагуваат. А на душата на благочестивиот и кој непрестајно го има Бог пред очите својствено му е, и после избавувањата од искушенијата, никогаш да не падне во заборавност, како што тоа често кај јудејците се случувало по сведочењето на пророкот кој ги прекорувал говорејќи: ,,Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обраќаа и прибегнуваа кон Бога” (Пс. 77, 34). А исто така и Мојсеј често ги советувал, предвидувајќи им го токму тоа и им говорел дека кога: ,,Ќе јадеш и ќе се наситуваш, тогаш пази се да не Го заборавиш Господа” (5 Мојс. 6, 11-12), а токму тоа им се случи: ,,Но – напишано е – Израил стана дебел и тврдоглав: се згои, се здебели и се прошири; па Го остави Бога, Кој го создаде” (5 Мој. 32, 15). Не треба на праведниците толку да им се восхитуваме само затоа што биле благоговејни и љубомудри во времето на силната тага, туку затоа што по поминувањето на бурата и со настапувањето на тишината, останувале при истата кротост и срдечност. Несебично го пофалуваме оној коњ кој и без узди убаво оди, но кога тој убаво оди само заради уздите и потковиците, не е достоен на никакво восхитување, зашто таа стројност во одот се припишува не на благородството на животното, туку на принудата заради уздите. Ова истото и за душата може да се каже, зашто ако е таа само при опасностите смирена тоа не е ништо прекрасно, но кога искушенијата ќе поминат и кога ќе се ослободи од уздите на стравот кои ја зауздуваат, тогаш ја гледаме нејзината разумност и сите други нејзини добродетели.


 Но треба да внимавам, да не би додека ги обвинувам јудејците и нашиот образ на живот да го осудам. И ние додека страдавме од глад и зараза, од град и од голема суша, од пожар и од непријателски напади – не беше ли црквата тесна – заради мноштвото народ кој секој ден во неа доаѓаше? Велико тогаш беше во нас љубомудрието и с# земно презиравме; не н# вознемируваше ни љубовта спрема имотот, ни желбата за слава, ни невоздржливата похотливост, ниту друга зла помисла, зашто сите се предававме на благочестие со молитви и солзи. И блуд- никот тогаш се воздржуваше, злопаметникот брзаше да се помири, среброљубивиот подаваше милостина, а гневливиот и дрскиот се обраќаа кон смиреномудрие и кротост. Од друга страна, кога Бог попушти во гневот, кога ја стиша бурата и после великите бранови ја врати тишината, ние повторно се вративме на нашите поранешни дела. Иако ни во времето на искушението не престанував сето ова да го предвидувам и потврдувам, повторно од тоа не се исползувавте туку тоа како некој сон и сенка на поминување го исфрливте од мислите. Затоа сега најнапред и повеќе отколку тогаш се плашам, и за што тогаш говорев сега особено од тоа стравувам, за да не навлечеме на себеси зло, потешко отколку претходното и неизлечива рана од Бога да примиме. Зашто кога човекот кој често греши простување за гревовите од Бога прима, па не сака да се поправи иако го гледа великото трпение Божјо, тогаш Бог најпосле, иако Он и против Своја волја, последно зло на него ќе испрати и нема да му даде време за покајание и потполно ќе го предаде на пропаста, што некогаш му се случило на фараонот. Зашто и тој не сакал ни после првиот ни после вториот удар да се поправи, иако имал можност да го види великото долготрпение Божјо. На крај бил уништен и истребен со целиот свој град. Тоа и евреите го претрпија, а Христос, само затоа што однапред им ја виде погибелта и опустошението кое требало да ги снајде, а кое не можело да ги изведе, говорел: ,,Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачката ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте! И ете, ви се остава пуст вашиот дом” (Лук. 13, 34-35). Се плашам, велам, и ние истото тоа да не го искусиме, зашто и ние не се вразумуваме ни со туѓата ни со својата неволја.
 А ова што го говорам не ви го говорам само вам кои сте овде, туку и на оние коишто секојдневните грижи ги отргнаа одовде па заборавиле и на минатите скорби, кои јас не престанував со горчина да ги споменувам и да говорам: да, иако искушенијата поминаа, но сеќавањата на нив треба да останат во нашите души, постојано сеќавајќи се на добротворенијата Божји, Нему непрестајно да му принесуваме благодарност.
 Ова и тогаш го говорев и сега вам ви го говорам, а преку вас и на оние кои сега не се овде: да ги следиме значи светиите, кои ниту од жалоста биле победувани, ниту во покојот раслабувале, како што сега со многумина од нас се случува, кои од секој бран што ќе се подигне, како некои бродови, бидуваме преплавени и тонеме. Често и ако н# снајде сиромаштија – во тага н# фрла и н# потопува, а во богатството се гордееме и се предаваме на неработа и безгрижност.


Но, јас вас ве молам, секој од нас, оставајќи с#, да ги управиме душите наши кон спасение. Зашто додека е душата во добро расположение, ако и н# снајде некаква несреќа, било глад или болест, било клевета или некој пустош или нешто слично на ова, ние сето тоа ќе го поднесеме, заради заповедите Господови и надежта која ја полагаме на Него. Напротив, во кого душата не е благоустроена спрема Бога, таквиот човек искусува премногу жалости и грижи, па иако во богатство се наоѓа и деца има и со голем имот се насладува. И така, наместо да трчаме по богатство и да бегаме од сиромаштво, да се погрижиме за душата и да ја направиме способна и во овој живот да н# управува, а и од него да н# одведе во вечноста. Само уште малку па сите ќе отидеме пред Вистината, сите облечени само во своите дела ќе излеземе пред страшниот Суд Христов и со нашите очи ќе го гледаме она со кое солзите кај сиротите ги предизвикавме, нашите срамни похотливости со кои душите наши ги осквернивме, она со што вдовиците ги свенавме, она со што сиротите ги пониживме или имотот кој од сиротите сме го грабнале. Но нема да гледаме само на овие и слични дела, туку ќе го гледаме и она нечесно што во нашиот ум сме го помислувале, зашто мораме да излеземе пред Судот кој: ,,ги проценува намерите и мислите на срцето” (Евр. 4, 12), ,,кој ги спасува оние што се со чисти срца” (Пс. 7, 10) и кој ,,ќе му даде на секој според делата негови” (Мат. 16, 27).
 Но оваа моја беседа не се однесува само на оние кои во светот живеат, туку и на оние кои заради љубов кон осаменички живот во воздржание подигнале ќелии по планините, зашто потребно е и тие да се чуваат не само од блудно осквернение, туку и душата да ја заштитат од секоја сатанска помисла. Павле кога пишува: ,,Која е немажена да биде света со телото и со духот” (1 Кор. 7, 34), и повторно: ,,Зашто за вас ревнувам со Божја ревност; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица” (2 Кор. 11, 2) не им зборува само на жените, туку и на мажите и на целата Црква.


 Што значи тоа,,чиста девица”?
 ,,Која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна” (Ефес. 5, 27), зашто постоеле и оние девојки кои имале изгаснати светилки, кои имале тело на девојки, но немале чисто срце. Иако мажи не познале, сепак биле извалкани со копнеж за имање (љубов кон пари). Телото им било чисто, но душата им била преисполнета со блуд, зашто со нив завладеале нечисти помисли - среброљубието и немилостивоста, гневот и зависта, мрзеливоста и суетата, заборавот и гордоста. А со сето тоа, тие ја погубиле вредноста на своето девство. Заради тоа Павле и говорел: ,,Немажената жена се грижи за Господови работи - како да Му угоди на Господа, за да биде света и со духот и со телото” (1 Кор. 7, 34) и: ,,Зашто ревнувам да ве претставам пред Христос како чиста девица” (2 Кор. 11, 2). Како што телото се распаѓа од блудот, така и душата се осквернува со сатанските помисли, неправоверно учење, нечисти мисли и непристојно расудување. Така и девственикот, ако и говори за себе дека со телото е таков, не е девственик ако му завидува на братот, зашто својата девственост ја помешал со завист и така ја направил трулежна. Ни славољубивиот не е девственик, зашто девственоста му ја повредила похотта на празнословието (љубовта кон злословие), која (страст), влегувајќи му во душата, му ја нарушила девственоста. А кој го мрази својот брат повеќе е човекоубиец отколку девственик; и воопшто, од која било зла страст да е некој обземен, со неа го растлејува своето девство. Заради тоа Павле, отклонувајќи ги од нас сите видови такви беззаконија, ни заповеда да бидеме такви девственици коишто развратните помисли доброволно не ги примаат во својата душа.
Што ние на тоа да кажеме? Како ќе бидеме помилувани и спасени? И тоа ќе ви го разјаснам. Во срцето треба да ја носиме непрестајно молитвата, заедно со нејзините плодови, т.е. смиреномудрието и кротоста. ,,Поучете се – напишано е – од Мене; зашто сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за душите ваши” (Мат. 11, 29). И уште понатаму: ,,Жртва пред Бога е духот скрушен, срце скрушено и смирено, Бог нема да ја отфрли” (Пс. 50, 17), зашто ништо така не прима и не љуби Бог како душа кротка, смиреномудра и благодарна. Чувај се значи и ти брату! Кога ќе забележиш дека некакво неочекувано зло те вознемирува, немој да прибегнуваш кон луѓе и да чекаш помош човечка, туку оставајќи ги сите (луѓе), со срцето свое оди кај духовниот Лекар, кој единствен има сила да го излечи срцето твое, зашто: ,,Он на сите ним им ги создал срцата, Он пази на сите дела нивни” (Пс. 32, 15). Само Он единствен може да влезе во нашата совест, да се допре до нашето срце и душата наша да ја утеши. И ако Он не ги утеши нашите срца, човечката помош ќе биде залудна и бескорисна. Напротив, кога Он н# успокојува и утешува, тогаш ако и безбројни луѓе не вознемируваат, ни најмалку нема да ни наштетат. Зашто кога Бог го укрепува нашето срце никој не може да го вознемири. Ова, љубени, знајте го и секогаш на Бога обраќајте Му се, на Бог Кој и сака и може да н# избави од нашите беди и несреќи.
 Кога маката ќе н# натера нешто да бараме и од луѓето, прво секогаш (како што сите знаете) мораме да се сретнем со нивните вратари, нивните бродовозци и додворувачи, мораме да ги молиме и да поминеме далечен пат. Кај Бога, пак, сето тоа го нема, зашто Он ги прима молбите без посредници, без наплати и без секаков трошок се отповикува на нашата молба. Доволно е само да се крикне со срцето и солзи да се пролеат, па веднаш ќе го привлечеме Него кон себе. И кога човек молиме обично внимаваме некаков наш непријател и противник или и пријател, кој таму се додворил откако ќе размисли за нашата намера да не се изјасне за тоа спротивно и она што е праведно како неправедно да го прикаже, додека кај Бог такво нешто не може ни да се замисли. Зашто ако сакаш - говори Он – да Ме молиш, ти пристапи кај Мене сам кога никој друг нема т.е. со срцето проговори не говорејќи со усните. ,,Влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Отецот твој, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно” (Мт. 6, 6). Види колку е висока таа чест кога така ти говори: никој да не те види кога се молиш, а кога Јас ќе те удостојам на чест, целиот свет ќе го повикам за сведоштво на таа добрина.
 Да се убедиме да го слушаме Него и да не се молиме напоказ, и за жалост или штета на нашите непријатели, а особено да не бараме на кои начини да ни се помогне. Зашто кога луѓето кои н# заштитуваат и кај световните судии н# бранат, ние само делото наше го соопштуваме, а за средствата (на заштита) ништо не им говориме за тие според своето разгледување да ги распоредат нашите дела, а дотолку повеќе пред Бога не смееме така да постапуваме. Си Му ја искажал својата потреба, си кажал за тоа како си пострадал, немој да говориш за начинот на кој треба да ти се помогне, зашто Он многу добро знае што е за тебе полезно.
 Има многу и такви кои на молитва искажуваат илјади особени прозби, па говорат: Господе! Дај ми телесно здравје, умножи го мојот имот, возврати му на мојот непријател, и слично, а сето ова е сосема безумно. Затоа ти презирајќи го сето тоа моли се и проси како цариникот кој говореше: ,,Боже, биди милостив спрема мене грешниот!” (Лук. 18, 13), а Он веќе Самиот знае на кој начин ќе ти помогне. ,,Но, барајте го – рече – најнапред Царството Божјо и правдата Негова, и с# ова ќе ви се придодаде” (Мат. 6, 33). Така значи, возљубени, да љубомудруваме (молејќи се), со секаква скрушеност, срдечност и смиреност, удирајќи се по градите свои како оној цариник, па ќе го добиеме тоа што го бараме. Зашто ако со гневен и раздразителен дух се молиме, ќе бидеме пред Бога одвратни и презрени. Затоа да го скрушиме срцето свое, да ги смириме душите наши и да се помолиме како за самите себе така и за оние кои н# ожалостиле. Со таква молитва ќе го задобиеш судијата Бога да биде помошник на душата твоја и ќе го привлечеш на твојата страна, никогаш не жалејќи Му се Нему на тој кој те ожалостил. Бидејќи таква е наравта на овој Судија: Он повеќе ги чува и молитвите брзо им ги исполнува на оние кои за своите непријатели се молат, кои не злопаметат и против непријателите свои не се подигаат. И во каква мера овие така постапуваат, во таква мера Бог им се противи на нивните непријатели, ако тие на патот на покајанието не се обратат. Запаметете браќа! Па какво било бесчестие ако ви се нанесе, немојте веднаш да очајувате и во тага да паѓате, туку разумно бла- годарете, трпеливо носете ја повредата и помош од Бога очекувајте!
А зарем не може Бог да дарува блага и живот без тага и без секаква болест и пред нашите молби?
Може. Но и едното и другото Он ги прави од љубов спрема нас. Он испраќа на нас скорби и од нив во истиот момент н# ослободува, за ние, не отстапувајќи од Него, да се надеваме во Неговата помош и Нему да Му прибегнуваме и секогаш да Го призиваме да ни биде заштитник. Затоа се појавуваат и телесни болести, бесплодие, па и глад, за преку таквите јадови секогаш за Бога да се прилепуваме, и со помош на вакви минливи ожалостувања животот вечен да го наследиме. Така што, должни сме и за нив да Му благодариме на Бога Којшто на овие начини н# исцелува и душите ни ги спасува.
 Освен тоа, ако луѓето понекогаш и некакво добро дело ни направат, а ние ненамерно со некаква малкост ги навредиме, веднаш ни префрлаат, и направените добра толку ги истакнуваат што накрај многумина и се каат што од такви луѓе некакво добро воопшто и примиле. Но Бог не постапува така, туку напротив, ако и после добиените од Него добротворенија луѓето го пренебрегнуваат и оскорбуваат - Он самиот се заштитува и оправдува пред нив со зборовите: ,,Народе мој, што ти направив?” (Мих. 6, 3). Они ни Бог не сакале да го нарекуваат, а Он нив не престанувал и понатаму народ свој да ги нарекува и признава. Тие Му го одрекувале господството над нив, а Он не се одвраќал од нив туку ги приближувал и ги привлекувал кон Себеси говорејќи: ,,Народе мој, што ти направив?” (Мих. 6, 3). Дали – говори – тежок ви станав или жесток или горчлив? Вие тоа не можете да го кажете, но сето тоа е така и не би требало безобѕирно да се противите. ,,Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува?” (Евр. 12, 7), па вам не може извинување ни да ви се даде. А на друго место повторно ова Го говори: ,,Каква неправда најдоа во Мене татковците ваши” (Ер. 2, 5).
Навистина, велика и дивна сила имаат тие слова, а нивната смисла е оваа: ,,Што ви згрешив? Им говори Бог на луѓето - каква грешка направив?” А ова не би го допуштиле ни слугите на својот господар да му го изговорат. Затоа Он и не говори: ,,Што вам ви згрешив”, туку ,,на вашите татковци”. Вие не можете да кажете дека татковска омраза спрема Мене негувате, зашто и на татковците ваши не им давав повод да се жалат на Мојата промисла, само затоа што ги напуштив во мала или голема неволја. Притоа не рече просто: ,,Што имале (какво прегрешение имале)”, туку ,,Што најдоа” татковците ваши? Тие толку години многу што од мене бараа, многу иследуваа, бидеј- ќи многу години под Мое владичество беа, а повторно никакви грешки кај Мене не најдоа.
 Заради сето ова да прибегнуваме кон Бога непрестајно, и во секоја жалост од Него да бараме утеха, и во секоја несреќа и во секое искушение да бараме од Него избавување, помош и милост. Зашто колку голема и да е бедата, колку голема и да е несреќата, сето тоа Он може да го прекрати и отстрани. И не само тоа, туку нам Неговата благост ќе ни дарува и секаква безопасност и крепост, добра слава и телесно здравје, и душевно љубомудрие, добра надеж и одбивност спрема гревот.
Никако не треба, како неблагодарни слуги, да Го обвинуваме Господа, ниту на Него да роптаме, туку во с# да му бидеме благодарни и за несреќа да го сметаме само злото на гревот против Него. Ако така постапуваме тогаш нема да н# постигне ни болест, ни сиромаштво, ни бесчестие, ни скудност на плодови, ниту пак каква било друга замислива несреќа, туку секогаш насладувајќи се со чистата непоматена радост, ќе ги наследиме идните блага по благоста и човекољубието на Господ наш Исус Христос Кој е славен со Отецот и со Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови на вековите. Амин.

 

За Преминпортал:

К.Серафимова

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная