СВЕТООТЕЧКИ ПОУКИ ЗА ВНАТРЕШНАТА МОЛИТВА НА СРЦЕТО (3)
Преку падот, ние излеговме надвор, се отуѓивме од вистинскиот живот; затоа треба да се вратиме назад; подобро речено да се вратиме кон самите себе, ослободувајќи се од прилепеноста за надворешните работи.Невозможно ни е да се помириме со Бога и да се сродиме со Него, се` дотогаш, додека најпрвин не се вратиме назад кон самите себе, додека однадвор не влеземе внатре. Само внатрешниот живот е вистинскиот христијански живот. За тоа сведочат сите Отци.