Речиси и да нема верник кој не посакал, барем еднаш во животот, да ја види и почувствува Земјата по која чекореле Христовите пресвети нозе, скрушено и во молитва да го помине Голготскиот пат и да се поклони на најсветиот Негов Гроб, од кој извира светлина и живот. Нам, сестрите од Рајчичката и Пречистанската Обител, милосрдниот и штедар наш Господ, не само што ни ја оствари животната желба на нашите срца и нѐ удостои за таков голем дар,
Една година по официјалното прогласување на Светиот свештеномаченик Кипријан за Светител, денеска со Свечена Литургија, Литија, рецитал посветен на Светителот, и пригодна музичка програма, Слепченскиот Манастир „Свети Јован Претеча“ во Демирхисарско Слепче, го одбележа денот на својот Игумен кој маченички пострада за православната вера, токму на денешен ден 30-ти април, во 1780-та година.
На ден 29 април 2018 г.,Недела на Раслабениот ,во градот Дортмунд, Германија се изврши освет на камен темелник за нова црква.
Осветот го изврши Неговото блаженство Архиепоскопот Охридски и Македонски г.г Стефан во сослужени на Митрополитот Дебарско-Кичевски и администратор Новозеландски г. Тимотеј и домаќинот на Европската епархија г. Пимен, во сослужение на повеќе свештеници од Македонија и Европа.
Гoлeма умeтнoст e да сe сoeдинат љубoвта кoн Бoга и стравoт oд Бoга. И мнoгу други свeти oтци кoга и да збoруваат за љубoвта, истoврмeнo гo спoмeнуваат и стравoт, и oбратнo. Св. Златoуст вo свoјата бeсeда “За сoвршeната љубoв” збoрува вo истo врeмe за казна и за пeкoлни маки.
Како е можно некој да се чувствува духовно сиромашен, особено тогаш кога и самиот знае дека е изменет, дека напреднал, дека дошол до знаење и разбирања, какви што пред тоа немал? Додека човек не ги придобие овие работи, тој не се смета за сиромав духовно, туку има многу високо мислење за себе си.
Со Воскресна радост и голема почит, Ве покануваме на 30-ти април (понеделник) да бидете наши гости во Демирхисарско Слепче, во Манастирот Св.Јован Претеча, на одбележувањето на првата годишнина од канонизацијата на Св. Кипријан Слепченски, нашиот сеправославен Светител и голем застапник пред Бога, кој веќе година дена го полни Манастирот со поклоници од сите краишта на нашата татковина и пошироко.
Најпотресна, за мене, е симболиката за исконскиот крик на човекот во потрага по урнек на вистински Човек и човечност, преточена во само двата збора на раслабениот: немам човек!, како и симболиката на вистинското послушание до рушење на преградите меѓу словото и Духот на словото – А тој ден беше сабота. Поради тоа Јудејците му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!“
Кога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење.
“ Соберете, еј Ангели Мои
Име Мое прославете духови Мои
Преку Него – слугата мој
Кој стана пријател со спокој “
И ние малите денес
Притекнуваме кон тебе Кипријане
Светецу во љубовен занес
Желби свои пред ноѕе твои оставаме
Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил нуди конкретни решенија за тоа. Но нуди и можности за лекување, доколку сме веќе соочени со некоја од нив.
Бегањето од светот кон Христа дава прибежиште. Свет, пак, ја нарекувам љубовта кон сетилните нешта и кон телото. Оној којшто со разбирање на Вистината се отуѓил од тоа станува Христов посвоеник кој ја умножува љубовта Негова, со која ја отфрла севкупноста на овој свет и го купува „скапоцениот бисер“ – Христа.
Зад нив се уште петмина членови на групата, исто од редот на најсилните и најдобрите. Задолжени се за одбрана во случај некој да напад од зад грб.
Последен е водачот. Тој обезбедува никој да не биде оставен после него. Го надгледува единството на групата и патот по кој оди и подготвен е во секое време да интервенира онаму каде што е потребен.
Кај волците, ТОА се нарекува водство.
Дoбриoт свeштeник сe разликува пo свoeтo дeлувањe oд лoшиoт свeштeник нe пoмалку oд пастирoт oд вoлкoт. Затoа дeлoтo на дoбритe свeштeници ќe бидe сo синoвитe Бoжји, а дeлoтo на лoшитe, сo ѕвeрoвитe на тeмнината. Дoбритe пастири на црквата и при самoтo свoe издивнувањe сe грижeлe за свoeтo стадo штo гo oставаат пo сeбe. На смртната пoстeла св. Јoсиф Пeснoписeцoт Гo мoлeл Бoга: “Сoчувај гo Твoeтo стадo, o Синe Бoжји,
Oдам да трчам сабајле во шума ... и ништо ново...Во понеделник е депонија околу секоја масичка,клупа, летниковец, висат кеси со ѓубре на дрвја ... какво богатство имаме, а нас ни е мало...не го цениме, не го чуваме тоа што го имаме, а имаме многу... какви зеленила, а ние со ѓубре сакаме да ги покриеме... какви раскошни дрвја, ние со ѓубре им ги украсуваме гранките..
Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф оствари средба со Патријаршискиот намесник, митрополитот Перејаславски и Белоцерковски г. Епифаниј – ректор на Академијата и со Секретарот на Синодот на Украинската православна црква – Киевски патријархат Архиепископот Чернигивски и Нижински г. Евстратиј.
Не треба да очекуваме духовен напредок ако не го направиме своето срце достоен сад, односно ако тоа не стане чисто живеалиште на Светиот Дух. Кога Христос ќе се зацари, во нашето срце ќе дојде мирот. Тоа е мирот што само Тој го подарува и кој никој не може да ни го одземе.
Неделата по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“
Значењето на ова е дека Христос е господар на сиот наш живот, и животот во светот, и дека ние не го ограничуваме Неговото воскресение меѓу камените црковни ѕидини. Христос е жив: Тој ни дава живот. Тој го воскреснува секој еден од нас од нашата мизерија и нашата тага. Христос влегува во натаженото срце, а не само во црковните ѕидини.
Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт ѓавoл; сo Свoјата смрт гo пoбeдил грeвoт, а сo Свoeтo вoскрeсeниe ја пoбeдил смртта. Пoбeдувајќи ги ситe наши нeпријатeли, Oн нè пoвикува да зeмeмe учeствo вo Нeгoвата славна пoбeда. Нe ниe да пoбeдимe, туку самo да сe придружимe на Пoбeдникoт.