Старецот Амфилохиј Макрис е роден на островот на откровението – Патмос, во 1889 година. Се покажа како голем поборник за Православието, а беше претрпел многу страдања за време на италијанската окупација на островите од Додеканисос (дванаесетостровие). Во текот на овие години тој беше основал тајни школи и го обезбеди продолжувањето на грчкиот јазик и на православната вера кај младите поколенија, и покрај притисокот на фашистите и на Римокатоличката црква, кои се обидуваа да ги одвојат од нивните корени.
Долги години беше игумен на манастирот на Свети Јован Богослов на Патмос. Исто така го основаше и женскиот манастир на Благовештението во 1937, кој и до денес претставува препознатлив знак за верниот народ. Се одликуваше со неговите многу добродетели, неговата љубов, смирението и родителската грижа за неговите духовни чеда. Старецот Амфилохиј беше голем приврзаник на силата на монаштвото и на христијанската мисија. Самиот патуваше како свештенопроповедник во текот на сите воени години. Исто така основач е на многу манастири на разни грчки острови и беше одговорен за детските домови и за разни човекољубиви установи. Беше близок духовно со старец Филотеј Зервакос и со свети Нектариј Егински. Се упокои на 16 април 1970 година. Беше духовник на многу верници од целиот свет, како и на многу архиереи, меѓу кои најпознат е митрополитот Калистот Вер, кој преку старецот Амфилохиј дојде до Православие.
Со одлука на Синодот на Цариградската патријаршија од 29.08.2018 старецот Амфилохиј Патмоски (Макрис) ќе биде вброен меѓу светителите, како што веќе е почитуван во свеста на народот. По неговите молитви, Господи Исусе Христе, помилуј нѐ и спаси нѐ. Амин.
Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2018/08/29/amfilohij-makr/