Свети Максим Исповедник - „Не брзај во отфрлањето на духовната љубов...“
Ако твојот брат, потпаднат под тешко искушение, постојано лошо говори за тебе, ти остани со љубов кон него и не дозволувај му на лошиот дух мислата твоја да ти ја помрачи. Само, доколку го благословуваш и доколку му правиш добро – ти по злото нема да појдеш и ќе се спасиш.Таков е Христовиот пат, патот на љубовта, ако по него одиш – со Него вечно ќе живееш.