Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – IV дел
За жал, во последните години, за нас како народ стана типично нетрпението, за разлика од нашите предци, кои се одликувале со големо трпение, што го пројавиле низ вековите. Тие живееле со вера, биле длабоко побожни луѓе и трпението ги учело да бидат мудри и благоразумни. А нетрпението, пак, води само до избрзаност, паника, губење на прибраноста, донесување на одлуки кои се импулсивни и непромислени и многу грешки.