Старецот и морето (19.06.2015)
Преку ситната рипка сфаќаше колку сме сите ние ситни риби во животното море. Сфаќаше дека суштината на животот и промените се состојат во сопственото наоѓање на мирот. Размислуваше за оние племиња до кои не допрела цивилизацијата. Се восхитуваше на нивната среќа и спокој и покрај тоа што имаат толку малку а имаат сè. Завидуваше на нивната скромност.