08/11/2015 Богослужби
На 08.11.2015 година, кога го празнуваме споменот на светиот великомаченик Димитриј, патрониот празник на соборниот храм на нашата епархија и големиот заштитник на градот Битола, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во истоимениот храм „Свети Димитриј“, во Битола.
Празникот на свети Димитриј собра многу свештенослужители и верници кои дојдоа да достојно да го прослават неговиот спомен, што придонесе атмосферата во градот да се почувствува Велигденска радост.
Антифоното пеење на црковните хорови од храмот на „Свети Димитриј“ во Битола, и од храмот „Свети Георгиј“ во Ресен, како најсмирен дар и принос на светителот, како и топлата молитва на многубројниот верен народ, го посведочија живото присуство на свети Димитриј во срцата на луѓето.
По неговите свети молитви, Господ да не помилува и спаси, како Благ и Човекољубив.