Од муслиманка до иконописец: Интервју со Ала Мешчерова
Тоа беше празник, неискажливо чувство на рај и чудо, и тогаш долго време одев како зашеметена. На таа изложба доаѓав десетпати, токму поради иконите; да се гледа Шагал по трет или четврти пат би било незамисливо. Бев вчудоневидена од мајсторството со кое беа насликани иконите.