Скопје, 3-ти ноември 2015 год.- храм на св. пророк Илија
Скопје, 6- ти ноември 2015 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
VIDEO
Во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Преподобен Иларион Велики; +Свети Иларион Мегленски; Преподобен Филотеј, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Светителите велат дека секој пат кога ќе се чувствуваме лошо, без разлика дали поради тревога или загриженост, или се урива, или не потиснува меланхолија или не опфаќа паника, сугурно нешто сме заборавиле. Не е возможно во тој час да си во контакт со Бога, со Неговото учење и вистини, со чувство во душата, па дури и само како мисла. Не е можно да се чувствуваш толку опаднат. Во моментот кога се чувствуваме лошо, нешто сме заборавиле. Добро е да се потсетиме на тоа нешто. Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво ги зборуваш овие работи и додека зборуваш, сè е во ред, но кога ќе завршиш, започнува пак истото – ги заборавив твоите зборови. Повторно чекам да те слушнам и потоа пак заборавам.“
Скопје, 6- ти ноември 2015 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Зачнувањето на Св. Јован Крстител, во храмот Рождество на Пресвета Богородица , во Скопје,се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.