Мирисини Вигипулу: ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
И таму постоеа големи салони украсени со најразновидно овоштие. Но, никој не се осмелуваше да пружи рака и да допре нешто, а камоли да земе. Смирена го поставува да седне покрај неа. Сето време, додека зборува со другите деца, го држи за рака. Тој полека се смирува. Сета таа едноставност го смирува. Прв пат се кае за своите лаги. Нејзината топла насмевка и нежен допир, го охрабруваат да проговори.