Повторно радост за верните чеда на Австралиско – сиднејската епархија: Втор број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“
Покрај вообичаените рубрики, овој пат отворивме уште една рубрика – репортажи, во која со секој нов, нареден број ќе биде опфатена репортажа за еден манастир или црква во Македонија. Целта ни е да не ги заборавиме нашите корени, да се потсетиме и да ги истакнеме нашите духовни богатства, па на тој начин да оствариме поблизок контакт со Татковината, а кога ќе ни се понуди можност, и да ги посетиме.