Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост
Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и му дава на човекот можност да стане бог. На Божик, одново и одново, ни се открива Христос, Кој на земјата донесе мир и меѓу луѓето блага волја. Во ближниот свој сега можеме да Го видиме Бог, и Бог станува наш брат и пријател.