Митрополит Струмички Наум - ЖЕНАТА САМАРЈАНКА (13.05.2017)
Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него.