СЕ МОЛАМ ЗА СИТЕ, СЕ МОЛАМ И ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
По повод денот на независноста на Естонија македонскиот калиграф и директор на Скрипториумот на Летонската христијанска академија Георги Гоце Дуртаноски оствари прием кај поглаварот на Естонската православна црква - Московска патријаршија, митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј и побара благослов за неговата работа во оваа северна балтичка земја .