„Токму и овој, како и сите Собори, ја има таа цел, да го покаже и потврди нашето единство. Таму каде што го нема, ако го нема, да го врати мирот и да ја посведочи на дело љубовта што треба да ги краси сите вистински Христови последователи и чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“
За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд Oтeцoт, значи дeка e eднo битиe сo Oтeцoт; штoм сe испраќа сo Синoт да ја прoдoлжи службата на Синoт, значи дeка e рамeн на Синoт. Oтeцoт свeдoчи за Мeнe, рeкoл првo Гoспoд Исус; а сeга за Духoт на вистината вeли: Oн ќe свeдoчи за Мeнe.
„Кој Ја почитува Божјата Мајка, за него Таа ќе биде застапничка на Страшниот суд’’, -ни велеше.
Во самиот него имаше некаква огнена, како кај преподобниот Серафим Саровски, љубов кон Пресвета Богородица. На сите Богородични празници, на споменот на Нејзините основни икони секогаш нé благословуваше да се причестиме.
„Јас видов, раскажува таа, прекрасни населби и многубројни населби, подготвени за оние кои Го љубат Бога, преполни со слава и благодат. Ангелите ми ги покажаа посебните населби на апостолите, посебни на пророците, посебни на мачениците, посебни населби за секој светителски чин. Секоја населба имаше неискажлива убавина, широка и долга, би рекла, како Цариград, но неспоредливо поубава, со многу чудесни и пресветли палати.
Јас сум горд што сум Христијанин. Јас верувам не само како Христијанин, туку и како научник. Кога еден безжичен апарат може да пренесе во бескрајот некаква вест, колку повеќе, пак, човечкиот дух може преку молитва да испрати кон вечноста невидливи бранови, кои ја постигнуваат својата цел пред Бога.
Фанатизмот нема врска со Христос. Биди вистински христијанин и тогаш никого нема погрешно да го сфаќаш, туку „твојата љубов сè ќе покрива”. И кон иноверниот однесувај се како христијанин. Почитувај го на благороден начин независно од неговата вероисповед. Можеш да му се најдеш на некој муслиман кога има потреба, да зборуваш со него и да се дружиш со него.
Во периодот од 5 до 7 октомври 2018 година, во рамките на манастирскиот комплекс „ Рождество на Пресвета Богородица" во Калишта, ќе се одржи јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) , Архиепископскиот црковно-народен собор (АЦНС).
Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на Гoлгoта и да ја разглeда крвавата жртва на Крстoт, штo e принeсeна за нашитe грeвoви, за нашe спасeниe oд смрдливата чeлуст на змијата oд адoт.
Конечена и истовремено бесконечна цел на човекот е – обожување, кое се остварува само преку благодатта, односно преку силата и делувањето на Божеството. Благодатта е дадена на Црквата. Црквата е поле на вечна, божествена светлост, која взаемно дејствува со човечката душа, која е послушна на благодатта и која невидливо ја просветлува (во некои случаеви тоа просветлување и преобразување на душата се случува и на материјален план ...
Некогаш свети Силуан разговарал со еден пустиник што велел: „Бог ќе ги казни сите атеисти, тие ќе горат во вечниот оган.“ Очигледно, помислата дека безбожниците ќе бидат казнети во вечниот оган му причинувала некакво задоволство…
Со видлива трогнатост, свети Силуан му одговорил:
„Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и искупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите.“
Кој се плаши од гревот, го љуби Бога. Кој има умиление, има уште поголема љубов. Кој во душата има светлост и радост, има уште поголема љубов. Кој, пак, има благодат и во душата и во телото, има совршена љубов. Таа мерка на благодат Светиот Дух ја дарувал на мачениците, а таа им помага храбро да ги поднесат сите страдања.
Никој не може да утеши друг човек. Грешка е да сакаме да најдеме мир во која било личност. Секое лице, колку и да те сака и колку да го сакаш, - погледнете во себе - има ограничени можности. Тој е човек, има мала сила, има мал капацитет, само Бог му дава целосен одмор на човекот, и само Бог
Многумина од нас не умеат да го ислушаат својот соговорник: го прекратуваат, не му дозволуваат да ја искаже својата мисла. Исто така, не смее да се зборува кога сме под влијание на гневот или на другите страсти. За сето она што ќе го кажеме во состојба на гнев, подоцна горко ќе зажалиме. Најнапред, потребно е да се успокоиме.
Вистинскиот христијанин никогаш не смее да осудува или да изнесува обвинувања против своите ближни, дури и ако некој насилно му ја земе облеката. Постои разлика меѓу оние луѓе што веруваат во Христа и оние кои не веруваат. Христијаните се придржуваат до Божествената, а луѓето кои не веруваат до човечката правда.
Доколку љубовта ја квалификувате со тоа што е опишано во „Евгениј Онегин", а особено во „Ромео и Јулија" или пак во „Јунакот на нашето време", тогаш сигурно е подобро, да не се очекуваат такви емотивни состојби. Можно е да се случи, но за среќа Господ не благословува такви страсти, кои во светската литература се сметаат за љубов. Тие не мора да бидат груби ...
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.
Светот, во буквална и во фигуративна смисла, треба да слушне за Курбиново и за нашите напори. Луѓето во Европа, па многумина и во Македонија не знаат за фреските во Курбиново, не знаат каде е црквата, колку е стара, зошто е толку значајна. За охридските цркви се знае многу повеќе, иако ни тоа не е доволно – вели Велков.