Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (V дел)
Тоа е убавината на Црквата. Се каеме, се враќаме, паѓаме и стануваме – преовладува чувство на враќање! Тешко е чувството на пад, таа горчина во душата, тагата и унинието што нѐ опфаќа, но од друга страна се радуваме што имаме Отец, Го најдовме Месијата, Го најдовме Избавителот. Радувај се Ти, Која си Го родила Учителот на заблудените, радувај се Ти, Која си Го родила Избавителот на пленетите! Он е нашиот Избавител, а ние сме оние пленетите, заблудените.