Ерусалим: Прославен споменот на светите апостоли на едно од најдревните места
Во ерусалимскиот манастир посветен на Св. Марија Магдалина, односно во самата пештера која во христијанскиот свет е поврзана со последните денови од телесното битисување на Христос на земјата, според традицијата, беше отслужено сеноќно бдение. Имено, се работи за гетсиманската пештера во која се наоѓале апостолите Петар, Јаков и Јован во мигот кога нашиот Господ, непосредно пред Своите страдања, им се обратил, велејќи им: „Бидете будни и молете се!“