Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (02.12.2016)
Треба да се стремиме кон Самиот Бог, кон Неговата Личност, што значи, кон она што е над сè, за да му овозможиме на нашето тело, инаку склоно кон бездејствие, залет кон вечноста.
Треба да се стремиме кон Самиот Бог, кон Неговата Личност, што значи, кон она што е над сè, за да му овозможиме на нашето тело, инаку склоно кон бездејствие, залет кон вечноста.
03. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
04. декември (недела, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;
10. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
Речено е дека после неговото покрстување никогаш не се заколнал за нешто, ниту некого натерал да се колне, не излажал, не проколнал никого, не озборувал, ниту наклеветил, ниту пак, исмејал некого.
Светото Евангелие зборува за Христос, кој отиде во гадаринската област, спроти Галилеја. Таму го сретна еден човек од градот, кој долги години беше заробеник на демоните. Одеше сосема гол и не живееше дома, туку во гробовите.
Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање.
Што е верата? Како да поместиш планини со неа? Господ не одговорил на ова, но ни рекол да се молиме и да постиме, за да бидеме верни. Човекот не бил создаден верен, но преку дела станал верен; молитвата била тоа дело што го приближило до Бога. Вера, тоа е да стоиш во близина на Бога, да најдеш утеха во Неговиот лик, да најдеш олеснување во Неговите зборови.
Помош стигна и од самохрани мајки-Откако ја објавивме приказната за тешкиот живот на семејството Цветаноски во нашата редакција почнаа да се јавуваат граѓани кои сакаа да донираат и парични средства, но и храна и облека за децата.- Голема помош стигна и од дијаспората. Добивме повик од редакцијата на порталот „Преминпортал“ кои не известија дека нивна соработничка од САД, која често им помага на сиромашни, сака да се вклучи во донаторската акција.
Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21).
Љубовта, пламенот којшто Христос го фрли во душата на човекот, има восхитливо својство: го води нив бездни и височини кои никому инаку не се достапни, му дава да го совлада секое страдање, па и смртта, често го фрла во неопишлива бесконечност, во која е сам, напрегајќи се повторно да ја здогледа Светлината на љубениот Бог. Таков е процесот на очистувањето на нашата природа.
На 20.11.2016 година, во 22-та Недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, игуменот Григориј Настески и свештениците од црквата Св. Кирил и Методиј (параклис), отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 02.12.2016 година (петок), од 10,30 часот, во храмот на св. Петка, гостин ќе биде професорот на Теолошкиот факултет м-р Петко Златески.
Тема на предавањето е : „Денес, како да го читаме Светото Писмо“.
Во сабота и недела пастирот излегувал мегу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекогаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси -отшелници и раководел со неа пет години.Во 1331 г, светиот се оддалечил на Атон и се осамил во скитот свети Сава, близу Лаврата на преподобниот Атанасиј.
Мoмчeтo му рeклo дeка и да има и да нeма жeдни за таквo питиe, тoј e дoлжeн да гo испoлни свoјoт дoлг и да нe гo запoставува Бoжјиoт дар. Млeкoтo Григoриј гo прoтoлкувал какo oбична пoука на нарoдната маса за мoралниoт живoт и владeeњeтo, а винoтo какo наука oд дoгматски карактeр.
Во организација на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија и Матица Македонска, беше промовирана книгата „Огледало за Огледало од Кирил Тетовец Пејчиновиќ“ од авторот Борис П. Момироски Лешанин. Промотори на книгата беа Неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан и проф.д-р Марко Китески.
Одговарајќи на ова прашање треба да разјасниме неколку моменти. Најпрвин, неопходно е да се знае дека постот е опит на откажување од она што тебе ти претставува наслада. Тој опит е своевиден темел на сите останати аскетски дејства на човекот. Особено на борбата со страстите, затоа што победата над страстите секогаш бара откажување од она што би го сакале, било да се тоа некакви задоволства или состојба на гнев,
Црквата, основана на Педесетница, во било кој момент од векторот за нејзиното постоење кој е во континуитет на движење до есхатонот, ја има истата благодат на Светиот Дух, нема ништо помалку од тоа што ималa тогаш, па дури и нејзината цел е иста да го доближи народот до Христа и Христа до народот.
На 21. ноември 2016 година, ден во кој Црквата ги прославува светиот архистратиг Михаил и останатите небесни сили, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан претстојателствуваше на света Архиерејска литургија во црквата „Свети Архангел Михаил“, во населба Автокоманда. На литургијата во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Радован Цековски.
- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.
- Монах- тоа е оној, во кого Божестевената Љубов го најде своето живеалиште и кој стана непобедлив и непристапен за непријателот.
- Монах- тоа е оној, чија непрестајна молитва стана непрестајна Љубов кон Бога.
И мене, како и сите,
деновиве ме фаќа
страст за револуција
желба да го оправам
светот на поарно…
И јас, како и сите,