логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Не те потсетувам на тоа дека имам светители, ангели и архангели, дека е покрај Мене Богородица, Која има извонредна душа и преубаво срце. Не те прекорувам, не зборувам: а зошто си ваков или онаков?“ Не, Бог тоа не го зборува. Он нас не нѐ споредува. Он го сака секого.

Не знам дали си видел како уметникот создава слика, или да речеме икона, поминувајќи низ различни фази? Тој најпрвин нанесува основа, потоа постепено додава боја, сенки, руменило. Сето тоа се одвива бавно, и во почетните фази на работа, видлив резултат сѐ уште нема. Не може веднаш да се добие готова икона и да се однесе во храм. Иконата сѐ уште не е завршена. Таква икона не можеш да ја поставиш  дури ни во својата соба. Таа не е завршена. Но притоа, не може да се нарече бескорисна. Не смее да се намалува нејзината вредност, не смее да се фрли. Според нејзината основа не можат да се донесат никакви заклучоци (сѐ уште е на пат). Но, има вредност дури и во незавршениот вид.

Така нас нè Господ сака. Затоа што гледа дека сме луѓе и дека по малку, се трудиме да личиме на Него и да стекнеме љубов од Неговата љубов, живот од Неговиот живот, светлост од Неговата светлост. Он тоа го знае, и нè познава нас. Затоа нè сака. Кога не сакаш, човек може да се каже дека не го познаваш. Кој знае што навистина се случува со другиот човек – го сака. Оној кој знае „дека другиот не ми е непријател, а дури и ако е непријател, јас сум за тоа крив“, ќе го сакам овој човек. Ќе ја сакаш онаа која ти задала неиздржлива болка, која те повредила, ако сфатиш дека проблемот не е во него и не е во неа, туку во твојата внатрешна состојба која сѐ уште не е излечена. Тоа е твоја отворена рана која сѐ уште не зараснала. Тоа е твојата болка која сѐ уште не е помината.

Ние немаме непријатели. Нема непријател за кој би вредело да ја трошиш силата и да го мразиш. Нема таков непријател на овој свет. Ако се загледаш во животот на оној кој ти направил големо зло и ако пробаш да одговориш како и поради што тоа го направил, какви биле неговите мотиви, како се чувствувал, како го поминал детството, зошто дошол до таква состојба, ќе видиш дека не ти е непријател и противник.

Затоа Христос кажува: „Немојте да се плашите од оној кој може да ве повреди надворешно, зашто вашата душа никој не може да ја повреди.“ (Мт. 10, 28). Никој не може да ти предизвика штета. Кога чувствуваш дека некој ти нанел штета и дека поради тоа го мразиш, тој всушност не ти наштетил, туку нешто друго во тебе не е во ред, нешто друго те искушува.

Во тие моменти прашај го Бога:

– Боже мој, дали и Ти го мразиш човекот кого јас го мразам?

И Христос ќе ти рече:

– Не. Јас му простив. На Голгота. Но не само тогаш, Јас и сега на сите им простувам и сите ги сакам.

– Но како, Господе? Како можеш да го сакаш?

А Бог ќе ти одговори:

-Јас гледам и други работи  кои ти, чедо мое, уште не си видел. Гледам дека и тој многу страда. Гледам дека не постапил кон тебе така затоа што е лош, туку затоа што самиот се плаши и брани.

– Но, како се плаши, Боже мој? Ми направи многу зла… Знаеш колку страдање ми зададе. Ја изгубив работата поради него. Ми се одмаздуваше, ме влечеше по судови…

– Да, – вели Господ, – но верувај, кога би можел да го видиш стравот во неговата душа, конфузијата во неговото срце, немирот во неговата совест, не би го мразел. Би го засакал. Би го почувствувал она што се вика милосрдие. Нему, дете мое, му е потребна твојата љубов. Потребна му е помош, а не одмазда. Научи да се „одмаздуваш„ онака како што Бог се „одмаздува“. Он не се „одмаздува“, туку секогаш одговара со љубов и тоа разоружува.

Сфати дека, дури и оној кого не можеш да го замислиш, ја заслужува твојата добрина и простување. Само што сме неискрени. И наместо да ја покажеме својата рана, правиме гадости. Но нема лоши, сфати го тоа. Доволно е да ја притиснеш соодветната дирка во душата на никаквецот и ќе се чуе мелодијата на љубовта. Изгледа како да притискаш погрешна дирка. И затоа се слуша какофонија, се слушаат хистерични гласови, расправии и навреди. Но во тој човек постои душевен свет, кој сѐ уште не сме успеале да го откриеме, и да направиме така, да го видат сите луѓе околу него. Знам дека тоа е тешко. Тешко е, затоа што и самите во животот не сме почувствувале голема љубов. Ти предлагам да го сакаш другиот, а ти велиш: „Како да го сакам! Па ниту јас не сум осетил голема љубов во својот живот“. И така е со повеќето од нас: наместо љубов, ги наметнуваме своите лични потреби.

Едно момче ми рече нешто, што кај мене остави исклучително силен впечаток:

– Многу сакам една девојка, ја почитувам, ѝ се воодушевувам и многу сакам да  бидам со неа.

– И што преземаш? – го прашав.

– Ништо. Таа никогаш нема да дознае за моите чувства.

– Зошто?

– Затоа што сака друг. А бидејќи навистина ја сакам, ништо не ѝ кажувам за своите чувства и никогаш нема да се мешам во нејзиниот живот. Сега ги завршуваме студиите и сакав да ѝ се приближам, да поразговарам со неа, да ѝ понудам да основаме семејство. Но, кога сфатив дека размислува за друг, ја оставив на мир. Ја сакам и затоа не разговарам со неа. Ја сакам и затоа ја избегнувам.

Ете, тоа се вика љубов! Да размислуваш за добробитот на оној, кого го сакаш. А во овој случај, добробит значи да не допираш во срцето на другиот, со почит да се однесуваш кон посебниот пат на кој човекот го избрал. Љубовта те води кон тоа да правиш незамисливи постапки, да ја претвораш својата љубов во солза, во бисер, во бол, кој ќе источи жива вода и ќе ја излие Божествената благодат во твоето срце. И дури и да не се чини дека не ја манифестираш својата љубов и дека не ја покажуваш, твојата љубов всушност станува подлабока. Човекот го правиш исклучително осетлив и вистински, поетски и чесен. И еднаш ќе добиеш награда за тоа. Надвор од секое сомневање!

Извор: http://pouke.org

Претходно: Што е љубов? (и други текстови) – Архимандрит Андреј Конанос

Превод: Младен Јовчески, дипломиран теолог

Друго:

 

Љубовта е надминување на себеси

„Јас го сакам своето дете“, – вели една мајка. И го вика петстотини пати на ден. „Тоа го правам од љубов, да видам како е и каде е“. Меѓутоа, не е така. Всушност, таа едноставно не може да поднесе кога детето ќе замине од неа. Не поднесува кога детето исчезнува од нејзиниот видеокруг и го живее сопствениот живот. „Со кого си? Зошто се задржа? Какви гласови слушам? Кој зборува? Која е таа девојка“? Тоа е очигледна сомнителност и болен однос. И се разбира, нема тука никаква љубов. Затоа што љубовта е жртва. Таа е „сакам да ги раширам своите крилја, ти посакувам добро“.

„Он треба да расте, а јас да се смалувам“ (Јован 3,30), –  рекол свети Јован Крстител кога го видел Господа. Го сакам Господа. И бидејќи Го сакам, нема да ме вознемирува тоа што се наоѓам на одредена оддалеченост од него. Бидејќи каде и да одам, Он зрачи со таква светлина што нема повеќе ни растојанија, ни сенки. И додека Го сакам секогаш ќе бидам во светлина. Затоа сум подготвен да одам било каде и да бидам таму каде што Он ќе ме одведе. Му се радувам на Оној кого Го сакам. Го сакам и нека изгледа дека се гаснам и исчезнувам. Го сакам и оддалеку, го чувствувам тоа со своето срце. Оставам место за друг, за да би можел да дише, да може се движи и да се чувствува слободно. Не ме повредува ако тој разговара со други. Не ме гуши тоа, не ме вознемирува, не сум љубоморен и не се мачам.

Но, дали знаеш како тоа делува на човекот? Он повеќе ќе те засака и нема да се оддалечи од тебе. Зошто? Па затоа што му дозволуваш тоа да го направи. А кога на човекот ќе му дадеш можност да се оддалечи од тебе, тој тоа не го прави. Кога го влечеш кај себе на сила, кога инсистираш, го постигнуваш спротивното. Дали разбираш? Тоа се случува во нашиот однос со различни луѓе. Го гледаш тоа по примерот на својот однос. Велиш: „Љубоморна сум заради мажот, не можам, страдам…“ Но ако го сакаш, погледни сѐ себеси. И прво достигни ја својата убавина која ќе те исполни со чувство на сигурност и мир. А, потоа научи вистински да го сакаш својот маж, да се молиш за него и да го чувствуваш она што тој го чувствува. Односно, постојано да се прашуваш: „Дали му е угодно ова што го правам сега? Еве ова, му досадувам, го замарам, правам притисок врз него, дали тоа му е угодно? Односно, дали на мојот маж (или мојата жена) му е пријатно тоа што сега ја принудувам неговата (нејзината) душа на нешто“?

Кога го читаш Евангелието, немој да го читаш формално, туку постојано прашувај сѐ: а каде сум јас во ова што е овде кажано? Што е поврзано со мојот живот? Христос вели: „Како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив“ (Лука 6,31). Примени ја оваа Христова вистина  во својот живот и размисли: дали тоа би ти се допаднало? Дали би ти се допаднало, на пример, секој пат кога одиш да прошеташ и да поразговараш со пријател, малку да го живееш својот живот, или кога одиш сам на прошетка, чувствуваш дека постојано некој те следи и за нешто се сомнева: „Зошто одиш таму? Зошто ме оставаш? Не ми кажуваш сè… Зошто тајно разговараш на телефон? Зошто си се свртел таму? Зошто си го прекинал својот разговор?“ Сомневања, сомневања, сомневања… Но, на таков начин нема да постигнеш ништо. Љубовта и слободата секогаш одат заедно.

Речи: „Те сакам и ти давам слобода да правиш што сакаш“. И човекот ќе одговори: „Тоа е вистинска љубов! Така се однесуваш кон мене, што сакам да бидам со тебе, затоа што ме почитуваш“!

Во секој случај, Бог постапува исто така. Он нас нѐ почитува во секој момент од нашиот живот. Ни дава слобода на движење. И не ни се одмаздува. Ти дозволува да го направиш својот грев, да се оддалечиш од Него, и што ти вели? Секој ден излегува сонцето и го осветлува целиот свет! Сонцето е љубов – зарем не? Секој ден кога излегува сонцето, Господ како повторно да ти вели: „И денес сум исполнет со љубов кон тебе. Ти подарувам нов ден. Не само за ти да го изедеш твојот доручек и да го започнеш денот во радост и така натаму, туку да го прифатиш и размислиш: тоа што сум денес жив, значи дека Господ ме сака: „Мене. Мене, кој вчера тонев во својот егоизам, злоба, љубомора, одмаздољубивост, љубопитност и осуда. Сум направил многу за да го задоволам мојот нарцизам, моето самољубие и моите пороци. И без оглед на сè, Христос го изведе повторно Своето сонце и јас ја видов светлината и новиот ден!

Што Христос им зборува на сите овие? „И денес повторно те сакам. Нека вчера си бил онаков каков што си бил. Но, денес ти давам можност повторно да го направиш својот избор“. „Христос вели: И кога паѓа дожд, тој не разликува и паѓа на добрите и на лошите“. Тој ги наквасува сите. Ги наквасува сите куќи, сите ливади. Дождот паѓа на сè. Гледаш ли? „Бидете милосрдни како што е милосрден и вашиот Отец“ (Лука 6,36). Односно, имај милосрдие, сочувство и разбирање.

Колку се тоа извонредни особини.

Превод: Младен Јовчески,
дипломиран теолог



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная