логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Стихови:
Во Овчата бања, Христос со еден збор, како мудар лекар, го исцели раслабениот.

Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, наречена уште и „Овча бања" (на еврејски - Витезда), затоа што во неа ги переа утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на ангелот. Токму таму Христос наоѓа еден човек кој имал триесет и осум години и кој лежел неподвижен чекајќи некој да го спушти во водата. Од него се учиме и ние колку е добро чекањето и трпението. И, бидејќи Бог сакаше да ни го даде крштението кое треба да не очистува од секаков грев, Он покажа и во Стариот завет дека со помош на водата е можно да се прават чуда, та кога тоа (крштението) ќе дојде, да го примиме подготвени. Исус се доближи до раслабениот, кој се именувал Јара или некое име слично на ова, и го праша. Тој, пак, Му кажа дека нема кој да му помогне. И Христос, Кој знаеше колкава е болката на тој човек, му рече: Земи го одарот твој и оди. Веднаш тој оздраве и го зеде својот одар на плеќите, за да не помисли некој дека ова дело е привидение, и си отиде дома. Но бидејќи беше сабота, Јудеите му бранеа да оди. А тој се оддалечи од Оној што го исцели и му рече да оди во сабота, бидејќи не Го познаваше. А Исус, како што вели Евангелието, исчезна во народот што се беше собрал таму.


Подоцна, Исус Го најде во храмот и му рече: Ете, сега си здрав и повеќе не греши, за да не ти биде полошо. Оние што ги пренесуваат овие зборови Христови пропуштиле да кажат дека овој човек беше токму оној што подоцна Му удри шлаканица на Исуса кога Тој беше на суд пред првосвештеникот Кајафа. Поради ова тој ќе наследи во оној живот уште потешки маки во вечниот оган, отколку оние што му ги предизвикуваше парализата, не само триесет и осум години, туку за вечноста. Згора на тоа, Исус покажа дека неговата болест парализа била причинета од неговите гревови. Меѓутоа, гревот не е причината за секоја болест; таа може да дојде и од некоја природна причина, од прејадување или од недостаток на исхрана, или од некои други причини. Кога раслабениот дозна дека Исус е Тој што го исцели, ги извести Јудеите. Тие, пак, се разгневија и сакаа да Го убијат Христа, бидејќи ја нарушуваше саботата. Исус им кажуваше многу работи, како и тоа дека е праведно да се прави добро и во сабота; дека Он, Кој е рамен на Отецот, рекол оти треба да се почитува саботата, и дека и сега постапува по Неговиот пример.


Треба да знаеме дека овој раслабен не е истиот за којшто зборува евангелистот Матеј, бидејќи она се случило внатре и дека имало луѓе кои му помагале на болниот, и дека Исус му рекол само: Ти се проштаваат гревовите. Чудото за кое станува збор овде се случило во тремот на Соломоновиот храм, и болниот немал никого да му помогне, како што вели светото Евангелие. Но и во двата случаи болните ги носеле своите одари.
Ова чудо се празнува сега бидејќи тоа се случило во текот на Педесетницата, како и разговорот со жената Самарјанка, и исцелувањето на слепиот. А Тома и мироносиците ги празнуваме за да го потврдиме Христовото Воскресение од мртвите. Другите настани, до Вознесението, се поместени тука бидејќи тие се случиле во разни околности за време на еврејската Педесетница, и затоа што Јован ги споменува по тој редослед.

По Твојата неискажлива милост, Христе Боже наш, помилуј не и нас, амин.(Пролог)

 

 

Друго:


  • Денес човештвото Го осудило Бога на смрт - тоа е најголемиот бунт во историјата на небото и земјата; тоа е најголемиот грев во историјата на небото и земјата. И паднатите ангели не неправиле такво нешто. Денес се извршил Страшниот суд над Бога. Светот никогаш не видел по невино Осуден и побезумен судија.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная