Архим. Андреј (Конанос) - Како ќе реагираш ако ти причинам болка?
А кој сака вистински и без услови? Кој љуби и кога го повредуваат и му причинуваат болка? Знаеш ли кога ќе се докаже дека љубовта ни е вистинска?Кога нешто ќе се случи и се судриме. Кога меѓу нас се случи недоразбирање и ме навредиш. Кога ќе се скараме. Ако и тогаш продолжам да те сакам, значи во мене има нешто вистинско.