НАЈГОЛЕМИОТ ОПИТ ШТО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ГО ИМА
Сите треба да знаеме што бараме од Црквата, а она што може таа да ни го даде е личната врска со Христос. Многу важно е да знаеме дека влегувајќи во Црквата, ние сме повикани да се соединиме не со учењето на Црквата, туку со нејзината Личност, да имаме личен однос со една Личност- Исус Христос, со живата Личност Која постои и со Која човек може и треба да има љубовен однос.