Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (09.09.2018)
„Ништо не се случува вон законите создадени од Творецот на се, од Бога. Животот на човекот создаден е по образ и подобие Божјо. На создаденото тело, Бог му даде душа, која во себе содржи закон, неменлив и непреоден - вечен. Во тој Божји закон се наоѓа една прва, основна и најголема заповед. Законикот, сакајќи да го искуша Исуса Христа, Го прашува која е најголема заповед во Законот?