Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (17.08.2018)
Со разумното движење на душата, ние сме икона Божја. Телото, пак, претставува нејзино живеалиште. Но, со Адамовиот грев, не само што се осквернети цртите на оваа богосличност туку и нашето тело, малку по малку, паднало во тленост. Затоа се воплоти Словото Божјо, бидејќи Бог со Своето Крштевање ни ја даде водата на спасението заради преродба.