Јоханес Кеплер ја објавува Божјата слава
Знаел дека универзумот е дизајниран од страна на мудар Творец, па така започнал да го следи моделот регулиран со закони и логика. Не ја прифатил идејата на неорганизиран универзум, додека други научници од неговото време се откажале од пребарувањето на модели за универзумот. Неговите математички вештини го импресионирале познатиот астроном Тихо Брахе, кој го поканил Кеплер да се приклучи на неговиот тим од астрономи. Со помош на современата опрема на Брахе, Кеплер конечно можел да го проучува планетарното движење се подлабоко.