Скопје,2406.2020 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На 24ти јуни 2020 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави празникот на Светиот апостол Вартоломеј,Светиот апостол Варнава, Празнување на чудотворната икона Достојно ест., во Соборниот храмна св.КлиментОхридски во Скопје, професор на Православна Богословија Тино Стефковски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението. Со други зборови, послушанието го кали карактерот на човекот и најпрво му дава расудување и смирение.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (20.06.2020)
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (10.06.2020)
Божествена Литургија во храмот Соборен храм, Скопје (02.06.2020)
Јуни 2020 лето Господово