Служба на светите и спасителни страданија во Соборниот храм (22.04.2022)
На 21.04.2022 година во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.