Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците - на покајание
И кога одеше, го виде Левија Алфеев, кој седеше на митинцата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и миогу митници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа да јаде со митници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „3ошто со митници и грешници јаде и пие?“