логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА!

 



Те молиме, божествен пророче
и боговидецу Илија,
дарувај му победа на нашиот народ…,
 а на душите наши – милост голема!
(од Втората литијна стихира на празникот)

Возљубени празникољупци,
Секоја година на овој ден прославуваме голем старозаветен праведник и богоугодник, го чествуваме светиот пророк Илија – ангелот во тело, столбот на пророците, вториот претеча на Христовото доаѓање… (види: 3 Цар 17–19). На овој ден, заедно со хорот на светите од сите времиња, од сите земји и народи, го прославуваме громогласниот пратеник на живиот Бог. Но, исто така, денот на свети Илија – Илинден, покрај во духовната, има и посебно место во националната историја на македонскиот народ, зашто е ден над деновите во обидите за духовна и  за наци­онална слобода.
Свети Илија бил пророк силен на збор и голем на дело. Неговото житие раскажува дека тој со бројни чудеса ја покажал силата и власта на живиот Бог: го затворил небото и немало дожд три години и шест месеци; спуштил оган од небото и ја запалил жртвата принесена на неговиот Бог; Го помолил Бога за дожд и заврнало дожд; чудесно ги умножил брашното и маслото во домот на вдовицата од Сарепта и го воскреснал нејзиниот упокоен син; ја прорекол пропаста на непријателите Божји; разговарал со Бога на Хорив и го слушнал гласот Божји во тивкиот нечуен ветар; со огнена колесница се вознел на небото, оставајќи му го пророчкиот дар на својот ученик, светиот пророк Елисеј.

Возљубени чеда на нашата света Црква,
Црковното минато на нашиот богољубив народ наликува на иконостас, во кој секоја икона прикажува по една сцена од тешкиот, но благословен пат на врвење низ историјата. И речиси во многу од тие историски моменти, народниот живот е сличен со животот на овој наш сенароден патрон – на светиот пророк Илија.
Имено, со проповедта на светиот апостол Павле и по мисијата на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, евангелското слово се пренесе во срцата на нашите предци. Тие со сето свое битие Го возљубија Христа Господа и Неговиот живототворен Крст, имајќи го Царството небесно пред земните минливи нешта. Па така, посеаното евангелско семе роди многукратен плод: и во Македонија и низ повеќе народи и земји, се рашири богоблагословената писменост на јазикот чија единствена цел и смисла беше ангелоподобно да Го воспева Троичниот Бог. Како Вааловите жреци, беа побиени лажните учења со кои се забрануваше да Го слават Бога на свој јазик и со свое писмо. Како со небесна роса, народите беа измиени од нечистотијата на многубожечкото лажно верување. Подобно на чудесното умножување на брашното и маслото во домот на вдовицата, беа преумножени знаењето и верата во единиот вистински Бог.
Нашиот народ Го возљуби Бога и скрушeно Му се принесе како жртва сепаленица, носејќи го низ времињата достоинствено својот крст. Па, како несогорливата капина, тој непрекинато гореше со огнот на Словото, трпејќи низ вековите страданија и неправди, понижувања и клевети, поробувања и измачувања… И покрај сѐ, Му благодареше на Бога за трпението и надежта што му ги дарувал – и, преку своето историско постоење, да ги изобразува Христовите спасителни страданија. Долги столетија нашиот народ се подвизуваше во пустината на овој свет, единствено насладувајќи се од гласот Божји. Во најтешките, пак, мигови, човекољубивиот Бог секогаш му го праќаше колесничарот Илија за да го воскресне, подобно на синот на сарептската вдовица.

Возљубени потомци на славните иленденци,
Илинденското востание од 1903 година е многу повеќе од бунт против поробувачите. Тоа е завет запечатен со крвта на нашите богољубиви и слободољубиви предци. Тоа е дело кое се темелело на благородна идеја, а во неговата основа се наоѓале  евангелските идеали за слобода, правда и рамноправност. И, впрочем, иако востанието завршило со ограничен успех, долгорочно победата им припаднала на илинденците. Историски не е важно што извојуваната слобода траела кратко, туку што таа била мотив во понатамошната борба за  конечната слобода, што ја живееме денес.
На Првото заседание на АСНОМ, одржано во 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчињски”, повторно на Илинден, возобновена е македонската државност, а со тоа се создале услови и за воскреснување на древната Охридска Архиепископија. Македонскиот народ непоколебливо и пожртвувано застанал заедно со  слободољубивите народи во борбата против фашизмот, и извојувал победа.
По молитвеното застапништво на светиот пророк Илија, на осми септември 1991 година, Македонија се прогласи за суверена и самостојна демократска држава. Празнувајќи го денешниот ден, се радуваме, искажувајќи ја нашата благодарност кон Бога, Кој ги благословува и им дава вечна вредност на сите богољубиви и чобекољубиви дела и подвизи.

Возљубени родољупци,
Илинденската радост не би била вистинска кога би заборавиле дека завршиле сите борби. Но, сведоци сме дека продолжува борбата со предизвиците на светот околу нас и со нашите внатрешни искушенија. Како никогаш досега, во нашево време имаме потреба од пророчкото сведоштво на богоугодниот пророк Илија. Заборавените вредности, меѓусебната идеолошка и политичка  поделеност, потрошувачкиот начин на живот, негрижата за животната средина, социјалната нееднаквост, самодоволноста и горделивоста се наметнуваат како норми кои немаат ништо заедничко со вековното предание на нашите постари генерации. Земјата што ја наследивме од нашите богобојазливи прадедовци сега опустува, а сѐ повеќе млади луѓе заминуваат во други земји. Свештениот град Охрид – сесловенскиот Ерусалим, поради недоволната грижа и отсуството на потребна одговорност од надлежните институции, се наоѓа во опасност да биде исклучен од светската листа на културно наследство на УНЕСКО. Духовната несигурност ги отвора ширум портите за агресивниот настап на сектите, за туѓите идеологии и за неприродните сфаќања, несвојствени  на нашето православно народно предание. Затоа, борејќи се со бројните искушенија и предизвици, да останеме мудри како змии и незлобни како гулаби (Мат. 10, 16), та да им се спротивставиме на начин кој ни доликува – да станеме подобни на светиот пророк Илија, кој со голема ревност ја бранеше Вистината.

Возљубени чеда на нашата света Црква,
Свети Илија и денес нè повикува на сенародно покајание! Да се обратиме кон Христа Господа и да се покаеме за сето напразно загубено време, за сета млакост во верата и во љубовта, за секој миг во кој сме заборавале дека конечната цел на нашето постоење е заедницата со Него Самиот. Да побараме прошка од оние на кои сме им згрешиле, но и да им простиме и на оние кои тоа искрено го бараат од нас.
Во ова време преполно со предизвици, потребна ни е дополнителна будност и во бранењето на слободата, и национална и духовна, како и во грижата за споменот кон оние коишто се жртвуваа бранејќи ги верата и Татковината. За нашите вистина и историја немаме право на отстапки заради сегашноста, зашто со тоа внесуваме неизвесност во иднината. Идеалите на илинденците и на сите коишто се бореа за слобода на Македонија – треба да се и наши!
Учејќи се од искуството на минатото, да се чуваме од лоши совети, од лажни пријателства, од суетни пофалби, од празни ветувања и, особено, од националното и духовно неединство.
И, да не го заборавиме најважното – дека единственото вистинско богатство е непресушната благодат на Царството Божјо, дека единствената вистинска слобода е слободата во Светиот Дух, дека единствената вистинска правдина е правдата Божја, дека единствената вистинска љубов е безграничната љубов на Бога Отецот и дека единствената вистинска победа е извојувана еднаш засекогаш на крстот Христов.
Нека ни е честит Илинден, на сите во Татковината, како и на вас раселените Македонци по светот, и нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа за духовна и за народна слобода на Македонија! Амин!

 

 



АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН
Заедно со членовите на
Светиот архиерејски синод на
Македонската православна црква
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
† ЈАКОВ, Епископ Стобиски

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/01/2025 - среда

Светиот маченик Полиевкт; Преподобен Евстратиј; Свети Филип, митрополит Московски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная