Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните
Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји – настан што коренито го променил одот на човечката историја. Уште при исходот од Египет, Светиот пророк и боговидец Мојсеј повеќе пати го изоборазил крстното знамение, водејќи го својот народ од ропство кон Ветената Земја. Еднаш, кога Израилците се...