Архимандрит Серафим Алексиев: Духовна и душевна култура и напредок
За таа цел, ако сака да премине од душевност кон духовност, тој е должен да напредува во верата и во стравот Божји, да воспитува во своето срце побожност, љубов кон Бога и кон луѓето, и често преку исповед, да ја очистува својата совест, стремејќи се кон сè подлабоко богопознание, кое ќе биде постигнато преку смирување на умот (т.е. на телесното мудрување – Рим. 8, 6) пред богооткриените вистини.